(Видео) Левица ја поднесе референдумската иницијатива до ДИК: Бојкот на референдумот ќе биде анти ЕУ политика
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев денеска на прес-конференција пред Државната изборна комисија соопшти дека е поднесена рефернедумската иницијатива на Левица до ДИК.
– Очекуваме да немаме проблеми како со претходната иницијатива на ДПМНЕ, бидејќи иницијативата е правко коректно напишана согласно чл. 24 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјанување на граѓаните.
Очекуваме до крајот на неделата да бидат собрани оние законски минимум општини, ги повикуваме граѓаните, во 30 општини ќе се собираат потписи.
Бидејќи Законот не дозволува правно лице да ја поднесе иницијативата, јас како физичко лице првопотпишан сум официјален предлагач на иницијативата.
Очекуваме следната недела да ја почнеме собраниската процедура без Џафери да изигрува уставен судија, 150.000 потписи очекуваме да се соберат до крајот на оваа календарска година.
Апасиев во одговор на новинарско прашање истакна дека не очекува Џафери да ја одбие иницијативата бидејќи доколку се случи тоа ќе следува целосна блокада на Собранието.
- Тој не е надлежен да се впушта во толкување на референдумското прашање но и доколку се случи тоа прашањето е интелигентно срочено по примерот на референдумот за Преспанскиот договор, вели Апасиев.
Тој додаде дека досега нема разговарано за поддршка од останатите политички партии но доколку има потреба ќе се разговара со сите, а бојкотот на референдумот ќе биде анти ЕУ бидејќи непосредното изјаснување на граѓаните не може да биде анти ЕУ.
ЛИНК од видеото/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…
Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…
Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…
Левица е на местото каде велешкиот комунист…
Левица и Апасиев му честитаа победа на…
Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…
Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…
По информацијата за само 2 583 студентски…