(Видео) Левица ќе поддржи укинување на економските директори на клиниките

t

Јована Мојсоска, пратеник на Левица, на вчерашната седница на Комисија за здравство истакна дека Левица го поддржува укинувањето на економските директори на Клиниките. Како што истакна Левица ја поддржува секоја политика која се залага за укинување на формирање на паралелни системи. 

-Тоа го кажавме и за замениците министри, тука се пресликува истата ситуација, односно се работи за функции кои се измислени за да се задоволат апетитие на коалиционите партнери. Во пракса се покажа дека после 20 години овие економски директори се тотално нефункционални, истакна Мојсоска.

За нефункционалноста на економските директори Мојсоска кажа дека тоа го потврдува и постојаното растење на долгот на клиниките. Така ако во 2011 година долговите на клиниките изнесувале околку 25 милиони евра, во 2016 долгот стигнува до 50 милиони евра, а во 2023 година вкупниот долг на клиниките е 100 милиони евра. Според Мојсоска тоа докажува дека не се работи за никакво менаџерско работење и дека овие директори не ја исполниле својата улога и намена. Исто така истакна дека македонското здравство е комплетно деградирано.

-Сметам дека кај нас јавното здравство не е ниту албанизирано, ниту пак македонизирано, туку е ДЕГРАДИРАНО. Флагрантен пример е болницата во Кичево каде што се лечат и Албанци и Македонци, и после 40 години ниту една партија не успеа да ја изгради таа болница, рече Мојсоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…

Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…

Левица и Апасиев му честитаа победа на…

Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…