(Видео) Легендите Шекил и Баркли во емисија во живо испратија поздрав до Македонија – еве зошто

t

Патики со потписот на македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски и SWithADot добија водителите на најпознатото шоу за кошарка во САД, Inside the NBA. Четворицата водители на шоуто, Ерни Џонсон и легендарните кошаркари Шекил О’Нил, Чарлс Баркли и Кени Смит во емисијата ги покажаа патиките со нивните ликови и се заблагодарија за оригиналниот подарок.

„Голем поздрав од Атланта до Македонија и Сатја Грабулоски. Неговата компанија SWithADot, е единствената во светот што изработува уникатни обувки, еве може да ги видиме овие за филмот Space Jam. Прекрасна уметност. Еве, и за Кристијано Роналдо. И знаете што? Сатја направи еден пар и за нас, наречени Inside the NBA’s“, рече водителот Ерни Џонсон, кој важи за најдобриот познавач на американската кошарка.

Патиките, за чија изработка се потрошени 155 часа, ќе бидат изложени во студиото на ТНТ во текот на целата сезона.

Ликот на Шекил е инспириран од емисијата во која јадеше чипс со најлуто чили, за Баркли е избран моментот кога заспа на преносот во живо, Смит е нацртан со перика која ја носеше во една од емисиите, а за ликот на Ерни е користена слика од доделувањето на ЕМИ наградите, каде што ја освои статуетката за најдобра спортска емисија.

Извор: sportmedia.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ја погоди иранската државна телевизија за…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

Жена со бугарско потекло загина во Израел

Постара Израелка со бугарски корени загина во…

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…

Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…