(Видео) Локални шерифи на СДСМ демолираат кафеана во Крива Паланка – Љупчо Николовски ги штити од прогон
Од ВМРО-ДПМНЕ, денес обвинија дека Љупчо Николовски штити криминалец кој демолирал кафеана во Крива Паланка.
Ова е партиското соопштение:
“Почитувани
Власта на СДСМ штити, а со тоа и дозволува локални насилници да тероризираат граѓани. Денес ќе ви презентираме видео кое покажува како локалните шерифи на СДСМ демолираат кафеана во Крива Паланка.
Дали ова личи на нормална држава? Нормално дека не личи на нормална држава, личи на Заевистан.
На ден 24 јануари како што можевте да видите лицето Иван Георгиевски од Крива Паланка, член на СДСМ и никако поинаку, воедно и пајташ на Љупчо Николовски, демолирал кафеана. За тоа постои и полициска белешка во билтенот, но од тогаш навака ниту се постапува по случајот, ниту лицето на било каков начин е санкционирано. Дали и што се постапува по овој случај? Дали Љупчо Николовски го заштитил својот пајташ и насилник? Ова лице има фотографии со Оливер Спасовски и Зоран Заев, што остава сомнеж дека власта на заевизмот го заштитува.
Да потсетиме дека токму Љупчо Николовски беше споменуван во писмото на Бојан Јовановски дека ја злоупотребувал својата позиција како министер за земјоделство и преку прекршување на процедури пренаменувал земјоделско во градежно земјиште. Во писмото и телефонската коресподенција се гледа дека Николовски кога се работи за нему блиски луѓе ги заобиколувал прописите и процедурите само за да им заврши работа, а којзнае можеби и да има личен бенефит.
Дали токму вака Николовски ги штити своите пајташи? Дали Николовски влијаел врз неговиот пријател Георгиевски, односно влијаел врз институциите да неговиот пријател Георгиевски од Крива Паланка да се спаси од прогон заради насилничкото однесување и демолирање на кафеаната? Практично ја загрозил безбедноста на сите останати внатре во кафеаната.
СДСМ, заевизмот и Љупчо Николовски очигледно ниту имале намера, ниту имаат намера, ниту ќе имаат да се борат против прекршителите на законот. Постои основано сомнение дека тие или штитат криминал или се длабоко навлезени во незаконски дејства. Јас верувам дека и првото и второто се точни.
За сето тоа мора да има одговорност. Ако сегашното заробено судство не може да се справи со криминалот на заевизмот, многу скоро после поразот на заевизмот ќе престане неговиот притисок врз правосудството и за се ќе мора да одговараат.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Граѓаните се чуствуваат небезбедно заради секојдневните…
За неколку месеци државата се претвори во…
Филипче: СДСМ ќе понуди граѓански економски модел…
Во интервју за Фокус, претседателот на СДСМ…
СДСМ: Мицкоски повторно слеп за самоволието на…
Скандалите на Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН не…
СДСМ: Судијата Пајазити е избран за судија…
Со денови ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја…
СДСМ: Министерот Панче Тошковски или конечно да…
СДСМ како одговорна партија не сакаше да…