(Видео) Луѓе умираат поради несовесност: 173 санкции поради непропуштање на пешачки
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека во текот на вчерашниот ден биле санкциониради дури 173 возачи поради непропуштање на пешак на пешачки премин.
“Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.01.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи. Санкционирани се 173 возачи, од кои 104 на територија на Скопје, 26 на територија на СВР Тетово, 16 на територија на СВР Велес… При акциската контрола санкционирани се и 134 друг вид на сообраќајни прекршоци. Министерството за вантрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правоила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.” – соопштуваат од МВР.
Во изминатата седмица, во цела Македонија, а особено во Скопје, се случија голем број на сообраќајни незгоди во кои имаше загинати.
Сите загинати беа пешаци, прегазени на пешачки премин, од страна на несовесни возачи кои возеле со неприлагодена брзина, во недозволен врменски период
(после 23 часот, а со возачка дозвола од една година), или во алкохолизирана состојба.
Друг проблем, особено во Скопје, е што семафорите често не се во функција и нема полициски службеници кои го регулираат сообраќајот, па возачите буквално лудуваат низ улиците.
Во јавноста и на социјалните мрежи се појавија неколку видеа од возачи кои возат со брзина над дозволената и дополнително го снимаат тоа со телефон, што исто така е недозволено бидејќи влијае врз способноста за контрола на возилото.
Од МВР соопштија дека имаат засилени контроли со цел намалување на ваквите појави.
Останува да видиме дали засиленото присуство на МВР ќе има и превентивно, не само репресивно дејство врз несовесните возачи.
Се надеваме дека бројот на сообраќајни несреќи ќе биде намален.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…
Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…
(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…
Како што веќе најави директорот на Бирото…
Братот на заменикот на Тошковски имал врски…
Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…
Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…
Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…
Ни трага ни глас од скандалот на…
Ни трага ни глас од скандалот на…