(Видео) „Македонија е исфрустрирана и агресивна средина која системски создава култура на насилство“
Одбивам да прифатам дека ова е најдобро што можеме и дека насилството е јазикот кој ги одбележа нашите животи. Тука сум затоа што одбивам да ги пуштам во заборав сите жени кои беа брутално убиени од своите партнери и чијшто спомен земјава го сквернави, затоа што наместо да работи на превенција на насилство, заштита на жртвите и превенција, државата работи на страната на насилниците и убијците, порача жена на денешниот протест против насилството врз жените во Скопје.
– Имам три пораки до институциите, премиерот и министерот за внатрешни работи.
Како не ви е срам да се појавите на говорница после рекорден број на убиства на жени на кои им претходело пријавувано насилство во кое не се постапувало соодветно и да ни порачате да пријавуваме и да не ги повлекуваме пријавите?
Премере, нели ги знаете законите на земјата која ја водите? Институциите имаат службена должност да постапуваат и да ги заштитат жените жртви на семејно насилство, особено оние кои живеат во висок ризик.
Министре, Росица директно Ве контактираше, очајно барајќи заштита додека животот ѝ висел на конец. Како не Ви е срам да продолжите со вашите денови, говори, функции и да не изразите сочувство и да не им се извините на сите жени во државава кои живеат во постојан страв и стрес зошто поради вашата негрижа буквално никаде не сме безбедни? Ниту дома, ниту по улици, ниту во институции и болници, а верувајте, најмалку по полициски станици. И дали воопшто сте слушнале за примарна превенција?
Насилството не паѓа од небо кај одредени девијантни поединци, насилството се раѓа во колективната мисла, во јазикот, во системот на вредности кои заедно, како колектив се договараме дека ги градиме преку образование, пораки, медиуми, обележја во јавниот простор. Насилството се раѓа во шаличките за шамарчиња и понижување на жените, во нормализирање и поттикнување на родовите позиции кои ги учат жените на покорност, а мажите на надмоќ. Денес Македонија е една језива, исфрустрирана, агресивна средина која активно, свесно и системски создава култура на насилство и е на поход да ги убие своите жени. Ако нешто итно не промените во образованието и политичката култура, ситуацијата од година во година ќе ескалира и вие ќе бидете виновни, порачаа жените на протестот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Македонија е исфрустрирана и агресивна средина…
Одбивам да прифатам дека ова е најдобро…
Тројца Суданци ограбиле 27-годишник во Скопје
Тројца Суданци се уапсени утринава во скопската…
Аеродромот во Тирана со најголем број на…
Албанија се пофали со најмногу патници на…
Скопајнец физички ги нападнал мајка си и…
Вчера во СВР Скопје е пријавено дека…
Продолжуваат протестите во Сраево по трамвајската несреќа…
За денеска напладне е закажан нов собир…