Продолжуваат протестите во Сраево по трамвајската несреќа – демонстрантите објавија конкретни барања

t

За денеска напладне е закажан нов собир на граѓани по трагичната трамвајска несреќа во која 23-годишно момче го загуби животот, додека 17-годишно девојче е тешко повредено, пренесува Слободна Босна.

Во повикот за протести, повикани се средношколците и студентите да се соберат пред Националниот музеј на Босна и Херцеговина. Организаторите велат дека е важно да се покаже единство, меѓусебна поддршка и солидарност.

Тие нагласуваат дека младите денес, наместо во училишните клупи, треба да бидат на улица и со тоа да испратат порака до одговорните. Протестни собири во Сараево се одржуваа изминатите три дена.

Неформална група студенти, која стои зад организацијата, објави список со барања на Инстаграм профилите „hocel.ta.promjena“ и „pravda.promjena.ba“.

Се бара објавување на целосни и комплетни информации за истрагата, вклучувајќи податоци за трамвајскиот сообраќај и снимки од камерите на трамвајот во времето на несреќата.

Целосно повлекување на сите стари трамваи додека не се изврши нивно повторно сервисирање и јавно објавување на податоците за нивната исправност. Потоа на списокот се оставките на сите одговорни во системот за јавен превоз и за изградба на безбеден и квалитетен превоз во градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Авион полн со патници нагло се спуштил…

Пет лица се повредени откако патнички авион…

Уапсен e возачот по трагедијата во која…

Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…

(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…

Возачот кој утрово со својот автомобил слета…

(Видео) Град Скопје не успеа да го…

Екипите на Град Скопје не успеаја во…