(Видео) Македонска фолклорна група од Пустец настапи пред учесниците во Самитот на Берлинскиот процес во Тирана
Во Тирана се одржува Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, на кој учествуваат лидерите на земјите учеснички во овој процес, јавува Анадолу.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, ги пречека лидерите и другите функционери кои учествуваат на Самитот во Тирана, а работите ќе продолжат на две сесии.
На Самитот, што се одржува во просториите на Пирамидата во Тирана, учествуваат лидерите на Европската Унија (ЕУ), земјите од ЕУ и лидерите на земјите од Западен Балкан, а фокусот на Самитот е на повеќе прашања поврзани за интеграција на регионот во единствениот пазар, процесот на европска интеграција, регионалната соработка, поддршката на зелената и дигиталната транзиција во Западен Балкан и други прашања.
Лидерот на македонската партија во Албанија и пратеник во албанското Собрание, Васил Стерјовски, на Фејсбук сподели видео од македонски дечиња од Пустец кои настапија пред учесниците на Самитот на Берлинскиот процес.
– Македонската фолклорна група од областа Преспа, општина Пустец настапи пред учесниците на Самитот на Берлинскиот процес во Тирана.
Логистичка подршка за настап на фолклорната група даде општина Пустец, додека групата ја предводеше Лази Cтојани, одговорен за културата во општина Пустец. – напиша Стерјовски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАД 216 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ ИМААТ БУГАРСКИ ПАСОШИ!
Над 216 илјади пасоши, односно бугарски државјанства…
МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…
Лани 2.805 Македонци добиле германско државјанство
Бројот на луѓето кои добиле германско државјанство…
Македонците во Гора го слават Ѓурѓовден
Македонците во областа Гора, северо-источна Албанија, почнаа…
Спиропали: Македонците во Албанија продолжуваат да бидат…
Македонците во Албанија продолжуваат да бидат горди…