(Видео) МВР го потврди настанот: Велосипедист бил удрен од автомобил – екс министерот Османи му помагаше
Повозрасен велосипедист денеска попладне е повреден во сообраќајна незгода, откако во него удрил автомобил на крстосницата во близина на трговскиот центар „Мавровка“, во центарот на Скопје.
На видеоснимката од местото на сообраќајната несреќа се гледа како велосипедистот лежи на земја, очигледно жалејќи се на болки. Се гледа и дека е опкружен од граѓани кои се обидуваат да му помогнат, давајќи му вода и пружајќи му друга помош.
Меѓу нив е и потпретседателот на Демократската унија за интеграција и актуелен кандидат за градоначалник на општина Чаир на „Националната алијанса за интеграција“, Бујар Османи, кој се нашол на местото.
Настанот го потврдија од Министрството за внатрешни работи (МВР). Оттаму велат дека сообраќајната несреќа во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје била пријавена во 14:05 часот, а се случила на крстосницата од улицата „Филип Втори“ со булеварот „Гоце Делчев“.
Во неа, учествувале патничко возило „фолксваген“ што го управувало 58-годишно лице со иницијали Х.А. и велосипед на кој бил 77-годишниот С.Т. од Скопје.
Според МВР, велосипедистот бил пренесе во болница, каде му се констатирани телесни повреди.
„Со возило на Итна медицинска помош С.Т. е пренесен во ГОБ ‘8 Септември’ во Скопје, каде му се констатирани телесни повреди“, велат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје.
Бујар Османи му дава прва помош на повреден велосипедист во сообраќајка во Скопје, 06.09.2025
Бујар Османи му дава прва помош на повреден велосипедист во сообраќајка во Скопје, 06.09.2025
Posted by INFOMAX.mk on Saturday, September 6, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) МВР го потврди настанот: Велосипедист бил…
Повозрасен велосипедист денеска попладне е повреден во…
Обвинители влегоа во Агенцијата за национална безбедност
Во врска со прислушувањето, ЈО објавува дека…
Академски пленум: Вучиќ итно да поднесе оставка
Академскиот пленум го повика Александар Вучиќ веднаш…
Си-Ен-Ен: Трамп разгледува опции за напади насочени…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста…
(Видео) „Луѓе ни гинат, луѓе се селат,…
На доделувањето признание по повод Денот на…