Академски пленум: Вучиќ итно да поднесе оставка

t

Академскиот пленум го повика Александар Вучиќ веднаш да поднесе оставка од функцијата претседател на Србија поради предизвикување судири и бруталноста на полицијата.

Тие изјавија дека синоќа во Нови Сад е спроведен „инсцениран конфликт“, по што полицијата употребила невидена брутална сила против студентите и граѓаните.

„Режисер на овој настан е, како и секогаш досега, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, што го докажа со синоќешниот настап на прес-конференцијата, каде што не можеше да ја скрие насмевката и среќата поради полициската бруталност и насилството врз граѓаните“, истакнува Академскиот пленум.

Тие исто така предупредуваат дека секој нормален граѓанин е шокиран од сцените од Нови Сад, и дека „само нечовек – очајна личност која ја брани владата по секоја цена“ може да биде среќен за нив.

„Ги покануваме сите граѓани да ги внесат случаите на полициска тортура што ги доживеале во базата на податоци за насилство „За денот потоа“. Академскиот пленум ги предупредува сите членови на МВР дека многу брзо ќе дојде моментот кога секој полицаец ќе биде одговорен за прекумерната и неиспровоцирана употреба на сила“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…