(Видео) МВР со детали за еврејската секта во Македонија: Престојот им е легален, Кумановци си направија муабет со „браќата“

t

Лицата што се забележани во Куманово се припадници на Еврејската верска заедница, имаат целосно легелен престој и привремено престојуваат во нашата држава, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) откако кумановци започнаа панично да реагираат на социјалните мрежи, бидејќи низ градот забележале луѓе облечени во чудна облека.

„Овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Во групата има американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, тие имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во Републиа Северна Македонија. Според информациите со кои располага МВР, групата е во постојано движење и во наредните денови се очекува да ја напушти нашата држава. СВР Куманово ги информира граѓаните на Куманово дека наведената група не претставува никаква опасност и апелира на толеранција и солидарност кон истите“, наведено е во полициското соопштение.

Претходно денеска и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски рече дека кумановци се гостопримливи за сите добронамерници и дека официјалните институции ќе дадат официјално известување за групата граѓани странци кои престојуваат во Куманово.

Кумановци успеале да ги фотографираат овие луѓе, а судејќи според облеката, постои можност да се работи за членови на еврејскиот култ „Лев Таор“, кои минатиот четврток беа протерани од Босна и Херцеговина.

Босанската влада протера 37 членови на култот „Лев Таор“ поради тоа што го вознемирувале населението со своето необично однесување. Откако биле протерани во четвртокот, биле видени како ја преминуваат црногорската граница и како се упатуваат во правец на Македонија.

Инаку, „Лев Таор“ претставува конзервативна еврејска група и во моментов брои околу 250 членови, а името означува: „чисто срце“. Членовите на овој култ имаат строги правила поврзани со исхраната, а нивните молитви се многу подолги и погласни од оние во другите еврејски деноминации.

Водач на групата е Шолмо Хелбранс, роден во 1962 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…

Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…

Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…

Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…

Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…

Кривичен ја одби жалбата за притвор на…

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…

Владата со препорака Службен весник да ја…

Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…