Брнабиќ за извозот на оружје во Израел: Жал ми е за војните, но мораме да го продадеме тоа што го произведуваме
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ синоќа во врска со критиките на властите за извоз на оружје во Израел изјави дека и е „жал за војните“, но дека Србија мора да ги продаде оружјето и муницијата што ги произведува.
„Оваа земја има своја наменска индустрија, таа е значаен фактор во нашата економија и поддржува десетици илјади семејства во Србија“, изјави Брнабиќ за телевизијата Пинк.
Таа оцени дека Србија „сигурно може да се гордее со својата наменска индустрија“.
„Но, знаете, наменската индустрија произведува муниција и оружје, кои обично се користи во војни. Да, ние ги извезуваме сите наши производи од наменската индустрија“, рече Брнабиќ.
Според неа, целокупното производство на српската наменска индустрија е резервирано со години однапред, што е добро за луѓето кои работат во таа област и за домашната економија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…