(Видео) Мега проект на Арсовска: Ќе се гради голема прочистителна станица за вода во Скопје

t

На денешната средба во просториите на ЈП Водовод и Канализација, по повод изградба на нова пречестителна станица, Градоначалничката Арсовска истакна дека во моментов се собираат тендерски понуди за дизајн и изградба на станица која ќе претставува најголем капитален еколошки проект во Македонија во вредност од 136 милиони евра, а со него ќе се овозможи прочистување на над 90% од водите во градот.

Досега отпадните води непречистени беа испушатни во Вардар. Со овој капитален проект, Македонија ќе има можност да се приближи до ЕУ стандардите, што е и наша обврска, за граѓаните да овозможиме да имаат чиста, здрава и еколошка животна средина. Истакна градоначалничката и додаде – „Ако досега отпадните води се испуштаа во вардар, притоа свесно загадувајќи ја животната средина и здравјето на граѓаните, сега конечно имаме можност активно да делуваме, имаме можност да ги менуваме нештата, имаме можност да ставиме крај на загадувањето на реката Вардар и градот, но пред се, да овозможиме и да обезбедиме подобра вода за пиење на населението и да го подобриме квалитетот на живот за сите скопјани.“

Свое обраќање имаше и претставникот на ЕБРД и европската комсија кои се главни финансиери на проектот, кој пак истакна дека проектот ќе донесе големи бенифити за граѓаните на градот Скопје, преку елиминирање на нетретираниот канализациски отпад. – „Преку унапредување на објектите за чистење и третирање на отпадни води кои што истекуваат во реката Вардар, ние го унапредуваме јавното здравје на граѓаните, со чисти реки и подобри животни стандарди за повеќе од 500,000 луѓе.

Тој посочи и дека овој проект е во линија на државната стратегија за заштита на животната средина, доближување до европските стандарди, како и да се ублажување и адаптација на климатските промени.

Овој проект потекнува од инвистицески грант за исполнување на зелената агенда од 70 милиони евра. Тој додавде и дека се планирани нови инвестиции во проекти за третирање на води и водоводни мрежи како и тоа дека досега европската инвестивиона банка има инвестирано повеќе од 120 милиони евра во Македонија.

Директорот на ЈП Водовод и Канализација, Златко Пирински, истакна дека се започнува со нова фаза во изградбата на прочистителна станица на територија на градот Скопје, за кој вели дека е импозантен проект кој е со особено значење за сите граѓани на градот. -„Динамиката за реализација на овој проект се одвива согласно планираното. Во таа насока, по поднесувањето на понудите, по 12 часот, влегуваме во фаза на техничка и финансиска евалузација на доставените понуди. Пречистителната станица како проект кој е од огромно значење не само за градот туку за република Македонија, е важно да се реазлизира затоа што во периодот што следи треба да опфати прочистување на скоро 90% од одпадните води на градот Скопје и практично на Република Македонија и со тоа ќе исполниме и еден од условите за преговори со Евопската Унија. Како проект, планирано е да се гради на територија на општина Гази Баба, на површина од скоро 13 хектари и ќе биде со капацитет за повеќе од 500,000 жители.“

Тој изрази огромна благодарност за посветеноста и ангажираноста на градоначалничката Арсовска во спроведување на овој мега проект, амбасадата на ЕУ во Македонија, како и до европската инвестициона банка, кои финансиски ја подржуваат реализацијата.

Директорот Прински истакна дека имаме втора по квалитет вода во Европа, а по изградбата на оваа прочистителна станица, високо ќе котираме како главен град на светската мапа за прочистување води. Тој очекува дека изградбата ќе започне кон крајот на годината, по што истата ќе се гради 36 месеци, по кои 24 месеци ќе се тестира и ќе се обочуваат луѓето кои ќе работат таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…

Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното…

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на…