(Видео) Медарот на Мицкоски ја избриша Македонија од статутот на ВМРО-ДПМНЕ – Славевски ги тера студентите да пишуваат Северна

t

Претседавачот со Советот на Град Скопје, Трајко Славевски во гостување во еммисијата “Во Центар” рече дека ги тера неговите студенти во семинарски да пишуваат СЕВЕРНА, односно новото уставно име на државата за кое партијата декларативно е против.

Новинарот Васко Ефтов му посочува дека промената е направена според верзијата на Панче Тошковски кој е претседател на статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, а испумпувал пари од ЕЛЕМ на ист начин како и последниот случај во ЈП “Водовод и канализација”.

– Истиот тој Панче Тошкоски беше предмет на истраги за два адвокатски договори кои се направени кога Христијан Мицкоски е прв човек на ЕЛЕМ.

Првиот е склучен 2016 година, тежок 1,6 милиони денари за две годни. Само пет месеци по првиот кој е потпишан, во март 2017 година Мицкоски склучува нов договор вреден 8.850.000 денари за адвокатски услуги исто со Панче Тошковски.

Знаете на која функција е Панче Тошковски? На функцијата претседател на статутарната комисија која го менува Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и вие иако сте за преспански договор и почитувате република Македонија, во статутот на партијата вие сте тогаш во раководството, го исфрлате зборот Република Македонија, потоа ве прават масакар на социјални мрежи.

Тоа ви се случува на 25 јули 2021 година, го нема зборот Република Македонија, го има само на едно место, кај патриотскиот институт.

Знаете зошто го прифаќате овој статут? Бидејќи на Христијан Мицкоски му одговара промена на статут да биде сигурен во делегатите на конгресот кои треба да го изберат на Конгресот во декември минатата година.

Сега тој Панче Тошковски ви се појавува секаде. Од неговата канцеларија извлекоа пари и од ЕЛЕМ и од Водовод и канализација. Имате повеќе од 100, некои велат 300 вработувања во време на Периснки. Истото го правевте во време на миле Јанакиевски во Водовод и канализација. Пари се извлекуваа и Вање Пешев покојни преку Република подоцна ги финансираше кампањите на ВМРО-ДПМНЕ. Значи ништо не сте сменети Славевски, ништо не сте сменети, заклучува Ефтов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…