(Видео) Мециновиќ до ДПМНЕ и ЗНАМ: Вие сте партии на олигархијата како и СДС​​​​

t

Реплика на пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ, на Седницата за избор на Заменици министри во новата Влада:

„Имам еден идеолошки коментар и коментар за вашето произволно толкување на социјалната констелација во нашето општество затоа што спомнавте криминална каста, па таа криминална каста соработувала со корумпирана каста! Сите тие опишувања на нашето општество не одговараат на реалноста, затоа што во нашето општество, кастите и класите кои постојат, се оние на обичните луѓе, на работниците и на великопоседниците т.е. на крупниот капитал.

Политичките партии во Македонија се претставници на крупниот капитал! Значи вас тоа ве обединува. Претходно имавте преклопување, дури и лидерите на партиите ви доаѓаа од истиот сектор – од енергетскиот сектор, или тоа што народот го вика енергетска мафија. Сега имате малку расчекор со новиот лидер на СДСМ, но и со него имате обединување, затоа што за него се спомнаа информации дека тргнал во авантура за приватизирање на болници.

Во ребалансот на буџетот се предвидува трикратно намалување на буџетските средства за изградба на новите капацитети во здравството! Значи, се што ќе се случи, е дека за обичните луѓе, репресијата иселувањето и се тоа што навистина го боли обичниот граѓанин ќе продолжи да постои.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…

СДСМ: Срамно е да има три верзии…

Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот…