(Видео) Меѓуетнички односи на ниво: Иссвиркан македонскиот јазик на прославата за Рамковниот договор

t

Вчера вечер на Плоштадот “Скендербег” во Скопје се одржа забава по повод 21 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Забавата ја организираше Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците, познато како “министерството на Артан Груби.”

Многумина ваквата “журка” ја нарекоа партиска прослава на ДУИ, а јавноста бурно реагираше откако беа објавени бајковити суми од околу 100.000 евра за организација на концертот кој помина без македонски изведувачи откако и Антонија Гиговска и Владо Јаневски ги откажаа нивните настапи на истиот.

Она што помина скоро незабележано во јавноста е делот каде насобраната маса ја иссвирка водителката кога почна да зборува на македонски јазик за да им посака добредојде на гостите.

Можеби ваквото свиткање на македонскиот јазик покажува колку Охридскиот рамковен договор допринесе за подобрување на меѓуетничките односи…

Видео: Алфа ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД и Иран постигнаа договор – цените…

Шехбаз Шариф, Премиерот на Пакистан, кој дејствуваше…

Се бројат часови до потпишување на првичниот…

САД и Иран се согласија за рамка…

13 милиони денари ќе чини одржување на…

13 милиони денари ќе чини одржување на…

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат…

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални…

Што не го раскине договорот? Мицкоски кон…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повторно говореше за…