(Видео) Милијарда исплатена, се ситни втората: Уште 675 милиони се исплатени на „криминалците“ Марковски компани од Владата на Христијан Мицкоски
Тешки милиони се исплаќаат кон компанијата Марковски од Битола во текот на денешниот ден од страна на Владата на Република Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски.
Како што дознава Инфомакс се работи за сума од 675 милиони денари кои денес се легнати на сметката на компанијата Марковски од буџетската сметка на државата.
Инфомакс претходно објави дека новото раководство на РЕК Битола досега исплатило нешто повеќе од 450 милиони денари на Марковски компани.
Со последната исплата Владата на Мицкоски практично исплати милијарда и 125 милиони на компанијата Марковски или повеќе од 18 милиони евра.
Пред само 11 дена владеачката ВМРО-ДПМНЕ објави видео во кое ја обвини компанијата Марковски за сериозен криминал
-Марковски компани основана во 2020 година со паричен влог од 2500 евра била особено омилена на СДС и ДУИ за делење на тендери. Ваквата Македонија ќе ја смениме. Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Два дена пред да биде објавено видеото, раководството на РЕК Битола на 10 октомври склучило рамковен договор за работна рака за тековни машински интервенции со кој Марковски компани во наредните 12 месеци може да искешира до 64 милиони и 900 илјади денари, односно над 1 милион евра. Според договорот, РЕК Битола ќе ѝ плаќа на фирмата по 582 денари од работен час за браварите што ќе ги ангажира, и по 614 денари од час за заварувачите.
Битолската компанија во изминатите години има добиено стотици милиони евра за тендери од РЕК Битола. За компанијата на прес-конференција говореше и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен министер за транспорт, Александар Николоски кој посочи на сериозен криминал пред отприлика 8 месеци.
Денес кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт наместо да биде спроведена истрага и да се поднесат кривични пријави за посочените, Владата на ВМРО-ДПМНЕ исплати повеќе од милијарда во рок од неколку дена кон Марковски компани, а новото раководство на РЕК Битола додели уште еден тендер на компанија од милион евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Милијарда исплатена, се ситни втората: Уште…
Тешки милиони се исплаќаат кон компанијата Марковски…
(Видео) Општина Карпош најави дека ќе го…
Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски најави…
Лукашенко: Подготвен сум да користам нуклеарно оружје
Белорускиот претседател Александар Лукашенко даде интервју за…
Фон Дер Лајен го сруши сонот за…
Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер…
МОРАМЕ ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА ЛИБАНЦИТЕ ШТО…
Франција ќе обезбеди пакет помош од 100…