(Видео) Миновски со неколку решенија за македонската економија: Дигитализација, енергетика, инвестиции, адаптабилност и креативност!

Поранешниот министер за финансии на Република Македонија, Кирил Миновски, во денешната епизода на Мрежа предлага неколку мерки за подобрување на економската состојба на државата.
-Во економскиот дел, врзано за енергетиката, не ги користиме новите можности кои може да креираат поголема вредности за државата и економијата. На пример во моментов стана доста актуелно производство на електрична енергија од обновливи извори, и ние имаме ситуација каде наместо државата посериозно да влезе во производство на енергија од обновливи извори и обезбеди долгорочен профит, тоа е оставено на лиценсна основа и имаме само приватни интереси.
Доколку се влезеше стратешки преку ЕЛЕМ или нова некоја компанија можеа да се постигнат два ефекти, едниот е развивање на пазарот на капитал и привлекување капитал, а од друга страна ќе беше заштитен државниот интерес во сферата на енергетиката.
Вака ќе генериравме сериозни средства кои ќе влегуваа во државата која ќе го премостеше овој временски период или тие средства ќе се користеа за други проекти.
Во делот на капитални инвестиции, реализација на капиталните инвестиции, недостасува централизиран систем за управување со тие инвестиции затоа што се случува да се алоцираат средства, а реалзацијата не е ни 20-30%. Капиталните инвестиции влијаат позитивно на економијата и еконсмкиот развој и со нив се придонесува за еконмски раст.
Треба да се продолжат проектите од претходните влади, имаме цела делница на коридорот 8 кој од 2016 досега не е изграден. Имаме ситуација со инвестиции во здравството, проекти ревидирани од страна на познати европски фирми под контрола на ЕУ, ние не ги искористивме, штипската болница и клиничкиот центар. Со нив ќе се големеше и БДП и ќе влијаевме на еден многу важен сектор, здравството. Лекарите ќе работеа во подобри услови и со подобра технологија, ќе имавме подобри здравствени услиги.
Да се биде мала економија е предност, затоа што сме адаптибилни, а во природата не преживуваат најсилните, туку најадаптибилните.
Ништо не е направено во делот на дигитализација на институциите, да се скрати времето на услугите, да ги намали торшоците, да ги подобри услугите. Да бидеме поотворени за други решенија за привлекување на странски инвестиции, зошто Македонија да не изградат големи иновациски хабови или да привлечеме ИТ-номади кои ќе ги ослободиме од плаќање на данок но ќе ги трошат средствата во Македонија, вели Миновски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…