Дурмиши: Немавме инфлација, туку дефлација – Ако има девијантно однесување без економски оправдувања, ќе донесеме поригорозни мерки
Овие беа краткорочни решенија за да им излеземе во пресрет на граѓаните поради однесувањето од страна на трговците. Знаеме дека тие, особено во време на празниците, знаат кои производи се трошат и ги покачуваат цените, истакна министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
Како што вели, годинава донесовме еден куп мерки со кои им излеговме во пресрет на граѓаните.
-Ограничувавме и по повеќе од 1000 производи, ги ограничивме цените, ги замрзнавме. По завршување на мерката, нормално дека ги гледавме податоците од релевантните институции. Покажаа дека во тој временски период не само што имавме стабилизирање на инфлацијата туку спротивно, имавме и дефлација. Во месец март имавме дефлација за 1,3% и намалување за 3% на основните прехрамбени производи. Овие беа краткорочни решенија за да им излеземе во пресрет на граѓаните поради однесувањето од страна на трговците. Знаеме дека тие, особено во време на празниците, знаат кои производи се трошат и ги покачуваат цените, изјави Дурмиши гостувајќи на поткаст.
Дурмиши додава и дека Владата „удрила“ баш на тие производи за да се држат цените на стабилно ниво.
-Поранешната власт не ги поддржа домашните производители, не ги поддржа земјоделците со мерки да можат да произведуваат… Ние работиме на еден конкретен план каде што ќе ги поддржиме нашите земјоделци ќе влијаеме на цените на пазарот, истакнува министерот.
Дурмиши најави и дека доколку има потреба ќе донесат поригорозни мерки.
-Ако по завршување на нашите мерки кои што ги донесовме, ако имаме девијантно однесување без економски оправдувања од трговците, ќе донесеме поригорозни мерки, рече министерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Берзански земјотрес поради вештачката интелигенција — „избришани“…
Распродажбата на акциите на технолошките компании се…
Бугарските компании се соочуваат со рекордни цени…
Сè поголем број компании во Бугарија размислуваат…
Митева: Позитивни економски сигнали од Светската банка…
Најновите извештаи на Светската банка и Европската…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…
ВЛЕН: Платите растат како резултат на новите…
Подобрувањето на животниот стандард е во центарот…