Објавено на:

(Видео) Мистериозна светлина на небото над Мароко непосредно пред земјотресот

t

Најмалку 2.100 луѓе загинаа во земјотресот што го погоди Маракеш и околните градови и села во петокот навечер, а спасувачките тимови се во тка со времето за да ги пронајдат затрупаните под урнатините.

Но, има и снимки од безбедносните камери кои, според „Џерусалим пост“, се направени неколку минути пред смртоносниот земјотрес. На неа е снимен чуден блесок на небото.

Камерата која ја снимила мистериозната синкава светлина, околу три минути пред да започне земјотресот, била поставена во куќа во областа Маракеш.

Како што се посочува, иако се уште не е позната причината за оваа појава, не е првпат да се забележи пред голем земјотрес. Слични снимки се појавија пред разорните земјотреси во Турција на почетокот на оваа година, кои однесоа животи на над 45.000 луѓе.

Една теорија за овие „земјотресни светла“ е дека нивниот изглед е поврзан со тектонски стрес, сеизмичка активност во областа или дури и вулкански ерупции, забележува Jerusalem Post, но сепак појаснува дека поврзаноста на овие блесоци на небото со гореспоменатите феномени не е научно потврдено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…

Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…

Над 13 илјади странци се вработени во…

Развојот на различните сектори на економијата и…

Апасиев до власта: Не одите уште долго…

*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…

СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…

Нема дно кое Мицкоски не може да…