(Видео) Митровски: Според моите информации Стразбур ќе одлучи позитивно за аболицијата на Иванов

t

Според моите информации Европскиот суд за човекови права ќе одлучи позитивно за аболицијата на поранешниот претседател Иванов, бидејќи законска можност за повлекување на аболиција нема, истакна во денешното гостување во Тешки муабети адвокатот Јанаки Митровски.

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур на 16 февруари треба да ја објави одлуката за аболицијата која ја даде поранешниот претседател Ѓорге Иванов на поранешни функционери и други лица кои ги гонеше Специјално јавно обвинителство (СЈО). 

Со аболицијата на Иванов од април 2016 беа опфатени 54 лица од предметите на СЈО. Но, таквиот потег на бившиот претседател предизвика бурни реакции во јавноста и протести, па по месец и половина и по направени законски измени во Законот за помилување, тој ги повлече аболициите.

Дел од поранешните функционери кои беа на списокот на Иванов, потоа во Стразбур ги проблематизираа постапките што против нив ги водеше СЈО повикувајќи се на аболицијата. Од истиот аспект често нивните адвокати ги оспоруваа предметите и пред домашните судови повикувајќи се на тезата дека еднаш дадена аболиција не може да се повлече.

Првата апликација до Стразбур беше испратена на почетокот на ноември 2017 година од поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески преку адвокатот Влатко Илиевски, сопруг на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

До крајот на 2018, пак, беа поднесени уште осум, а меѓу апликантите се и: бившиот премиер Никола Груевски, ексминистрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, генералниот секретар на Владата во времето на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот градоначалници на Гази Баба и на Пустец (Албанија) Тони Трајковски и Едмонд Темелко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Словенечкиот судија Марко Бошњак е избран за…

Словенечкиот судија Марко Бошњак е избран за…

Министерот Лога ја информираше меѓународната заедница за…

Министерот за правда Кренар Лога испрати дописи…

(Видео) Државата ќе треба да плаќа милионски…

Адвокатот на Гордана Јанкуловска и нејзин сопруг,…

(Видео) Митровски: Според моите информации Стразбур ќе…

Според моите информации Европскиот суд за човекови…

Турција ќе плаќа отштета од 24.500 евра…

Турција незаконски го приведе шефот на турскиот…