Министерот Лога ја информираше меѓународната заедница за неспроведувањето на пресудите на ЕСЧП во врска со правата на Македонците од страна на Бугарија
Министерот за правда Кренар Лога испрати дописи до Амбасадата на САД во РМ, Делегацијата на ЕУ, Мисијата на ОБСЕ и Програмската канцеларија на Советот на Европа со кои ги информира за неспроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права од страна на Република Бугарија.
Во дописот кој е испратен заедно со 14-те пресуди посочено е дека Министерството за правда бара поддршка од меѓународната заедница во делот на унапредувањето и заштитата на човековите права. Исполнувањето на оваа цел подразбира постоење на континуирана заложба и за доследно почитување на меѓународните обврски кои Република Македонија ги има превземено како земја која моментално е во процесот на евроинтеграции.
Почитувањето на меѓународни документи е исклучително важен сегмент за кој особено земјите членки на ЕУ, но и земјите кои претендираат да добијат членство во ЕУ е неопходно да се залагаат.
Меѓународната заедница претставува исклучително важен партнер на Република Македонија кој е вклучен во сите реформски процеси и партнер кој несомнено цврсто и доследно се залага за почитување на владеењето на правото.
Оттука, Министерството за правда смета дека е од особена важност да се актуелизира прашањето за неспроведувањето на пресуди на ЕСЧП , истакнувајќи ја потребата од поддршка од меѓународната заедница за доследно спроведување на пресудите на судот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…
Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…
САД констатираа дека Бугарија прикрива руски хибридни…
САД констатираа дека Бугарија не се бори…
Македонските одбојкари денес против Бугарија: Комплетен распоред…
Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска го започнува…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
