(Видео) Мицкоски врши директен притисок да продолжи прогонот против неговите сопартијци – Ова ли е одговорот на Груевски?!

t

На членството и активистите на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе им е јасно дека Христијан Мицкоски има освен страв и патолошка омраза кон неговиот претходник Никола Груевски и дека се работи за длабок личен комплекс базиран на скромните можности на Мицкоски, наспроти оние на Груевски кој остави таква трага во државата и општеството што по седум години откако не е премиер и нема никаква политичка функција за него се уште се говори со воодушевување, а на неколку анкети тој е најпопуларен политичар во Македонија.

Второто нешто кое се разјаснува се финансиските интереси на Мицкоски кои веќе подолго време го поврзуваат со Заев, со кого имаат план за “осмолетка” односно два мандати коалиција со СДСМ под патронат на Заев и неколку албански партии.

Патолошкото во Мицкоски го мотивира да го копира Груевски со промоција на проектите на градоначалниците и во изјавите кои ги дава каде буквално ги користи истите фрази кои самиот Груевски ги користеше. Сепак залудно бидејќи интимно и длабоко во себе никој не го почитува бидејќи не ја говори вистината, нечесен е, нема визија и секој Македонец чувствува дека во политиката Мицкоски е од исклучиво лукративни мотиви иако во моментот глуми патриот.

Поминаа два месеци откако ја даде изјавата за ФАЦ на 5.септември против Груевски, во кој два месеци се гледа дека ниту Груевски е вратен во Македонија, ниту подржал уставни измени. А што се однесува за можноста Груевски да направи своја листа и да излезе на изборите, се чини дека исплашениот Мицкоски е смртно исплашен од ваквата опција знаејќи дека тоа ќе биде крај за неговата политичка кариера

Најнов момент во изливот на страв, омраза и фрустрации на Мицкоски кон Груевски беше изјавата во вторникот на 31 октомври кога јавно се обиде да влијае на врховниот суд да не ги признае одлуките на Иванов за прекин на судските постапки против осудените и обвинетите функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои секако ќе паднат пред судот во Стразбург.

Мицкоски како да се работи за негов најголем душман, или душмани, ако се земе дека голем број негови поранешни колеги беа на удар на политички прогон, на нарачано прашање на Сител околу амнестијата на Иванов, одговори и им порача на врховните судии дека веќе се изјасниле по тоа прашање и дури им се закани ако дошол на власт дека ќе имало последици ако сега постапиле поинаку.

Просто е неверојатно како Мицкоски се бори со сите сили колку што може да му го загорчи животот на неговиот претходник кој буквално од позиција на анонимус го внесе во високата политика, го направи личен советник за енергетика, член на бордот на ЕЛЕМ, директор на ЕЛЕМ, член на ИК, генерален секретар на партијата итн по што “татиниот син” со упикување и под сплет на различни околности стигна до Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер.

Ако oдносот на Мицкоски кон човек што направил толку многу за него е ваков, што можат да очекуваат другите околу него освен да бидат употребени, злоупотребени и потоа тргнати настрана. Очигледно се работи за карактер и воспитување, а тоа во возраста на Мицкоски е завршена работа. Сите негови сојузници треба да го очекуваат истото од Мицкоски во иднина.

Очекувавме одговор од Груевски по овој нов излив на фрустрации на Мицковски и не видовме таков одговор. Груевски тој ден објави подолг текст за два историски ликови, еден херој – Лазар Поп Трајков, и еден предавник Коте од Руља.

Сумирано во 3-4 реченици, Лазар Поп Трајков го внел Коте во ВМРО, го извлекол од лошиот пат на ајдутството, и го насочил да биде револуционер и војвода, овој пак правел зулуми за кои по извесно толерирање добил смртна казна од Организацијата и тоа не еднаш, а Лазар Поп Трајков му простил и по негова заслуга во една прилика се поништила смртната казна и бил вратен во редовите на Органзиацијата, иако седел на два стола, затоа што грчкиот митрополит му давал пари за да ги брани грчките интереси. На крајот, во првиот момент кога славниот костурски војвода и заменик член на востаничкиот штаб во Битолслкиот револуционерен округ во Илинденското востание – Л.Поп Трајков паднал ранет во битка, помислил дека на Котета му има толку многу помогнато, па незнаејќи дека овој пак почнал за пари да работи за Грците отишол кај него и го замолил да му помогне за лекување и да го заштити, да го скрие додека се опорави од раните. Коте се согласил, и кога Лазар Поп Трајков легнал да одмори, со нож му ја исекол глават и ја однел кај грчкиот митрополит Германос Каравангелис за да добие награда од 50 лири (месечната плата од Митрополитот му била 10 лири).

Предавство од прв ранг и чин за најголем презир. Организацијата со сите сили го барала за да се одмазди, но Коте завршува како и секој предавник: неколку месеци подоцна истиот грчки митрополит им соопштува на Турците каде е Коте за да го заробат и обесат на Ат Пазар во Битола, како што биднало.

Но, по кратка анализа јасно е дека Груевски кој отворено зборуваше за веќе договорена постизборна коалиција Мицкоски-Заев, всушност му одговорил со многу силна порака на Мицкоски кој истиот ден, откако неколку часа претходно се пењавеше пред медиумите дека судиите ќе згрешеле ако ги прифателе помилувањата на Иванов, борејки се со сите сили да му наштети на човекот со чија подршка ги постигна сите искажувања во политиката. Очигледно е дека не беше баш на тој ден случајно објавен овој текст, особено затоа што убиството на Л.Поп Трајков не се случило на 31. туку на 11/12 Октомври, што говори дека Груевкси имал друга цел и порака со овој текст.

Единствениот проблем е што Мицкоски нема прочитано ниту една книга за македонската историја, па веројатно и не го прочитал подолгиот текст на Груевски, а и ако го прочитал тешко дека го разбрал. Но, можеби Груевски и не посакувал или не очекувал Мицкоски да разбере, кој сега е преокупиран со броење лајкови на ФБ и нарачка на анкети во кои се гледа дека пола од луѓето што се изјасниле дека би ја подржале ВМРО-ДПМНЕ не искажуваат доверба кон Мицкоски.

Во продолжение линк од текстот со наслов ЛАЗАР ПОП ТРАЈКОВ И КОТЕ ОД РУЉА-два лика во македонската историја, едниот симбол на херојство, другиот симбол на предавство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон вели американските напади на Иран се…

Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека немало…

Кичевско риболовно друштво организираше хуманитарен настан за…

Риболовното друштво „Хантер Фиш Кичево“ организираше куманитарен…

Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети

Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…

Мерц: Нема причинa да ги критикуваме Израел…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема…

Спасовски: Со акробации во Собрание ВМРО-ДПМНЕ го…

Денеска се одржа седница на Комисијата за…