(Видео) Мицкоски го брани Ванчо Михајлов: После децении може и од нас ќе се оградуваат!

t

На новинарско прашање дека Мицкоски бара затварање само на бугарскиот клуб, согласно измените на Законот за здруженија и фондации, а не и на клубот во Битола, кој го носи името на Ванчо Михајлов, Мицкоски рече дека тоа се две различни личности.

Има разлика, овој бил предводник на организација во одреден историски преиод, овој бил прв човек на држава која што соработувала со нацистит за време на Втората светска војна и наредила да бидат испратени повеќе од 7200 македонски граѓани со еврејско потекло во концентрациониот логор Треблинка. Има разлика од едниот до другиот, рече Мицкоски.

Новинарот му посочи дека и Михајлов се смета за соработник на нацизмот, дека соработувал со Анте Павелиќ, на што Мицкоски одговори дека има многу контраверзи во врска со ликот и делото на Михајлов, но дека партијата не мора да се откаже од континуитетот на историското ВМРО, вклучувајќи го и тој период. Тој додаде дека сегашната генерација не мора да се согласува со претходната генерација раководство на Организацијата, дека можеби еден ден некој ќе се оградува и од сегашното раководство.

– Мислам дека треба да се задржиме на денешницата, имаме клубкој провоцира, не обединува, имаме клуб со име на Цар Борис Трети, кој бил соработник на нацистите во Втора светска војна.

Ние не мораме, јас не морам да се сложувам со тоа што го правеле претходниците во историска смисла на зборот, кога раководеле со Организацијата. После децении можеби некој и од нас ќе се оградува, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…

Владата е стабилна силна и успешна –…

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…