(Видео) Мицкоски: Мојот став не е променет, договорот со Бехтел и Енка е криминален и антидржавен
Договорот за Коридорите 8 и 10А со Бехтел и Енка е криминален, мислењето на Мицкоски не е сменето, или барем така вели премиерот Мицкоски денеска во одговор на прашање на Инфомакс.
– Мојот став поврзан со тој коридор и со таа зделка не е променет, јас до ден денес тоа го кажувам, но како одговорен политичар нема да дозволам да одам чекор назад од тоа што е веќе почнато, бидејќи на тој начин, од 350 милиони евра кои се веќе платени од страна на претходната Влада како аванс, а не е ништо направено и имајќи го предвид тој криминален и антидржавен договор, ќе завршиме на арбитража којашто сигурно ќе ја изгуиме и така ќе платиме уште најмалку 350 милиони долари и ќе дојдеме до цифра од 700 до една милијарда, а нема да добиеме ниту еден километар автопат. Затоа ние одлучивме да засукаме ракави, да работиме, да помагаме колку може и да се здржиме во рамките на сумата предвидена во договорот и да го изградиме овој проект, вели Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за…
Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција…
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…
Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…