(Видео) Мицкоски не одобрува набавка на автобуси за ЈСП затоа што нема процент – Советниците на ВМРО-ДПМНЕ се насочени само кон деструкција
Генерално не излегувам од кожа, но денеска она што се слуќи во Град Скопје видно ме изнервира и искрено не очекував од Трајко Славевски. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се насочени само кон деструкција, по секоја цена сакаат да блокираат нешто, да биде нешто не како што е испланирано од градоначалничката или Советот, туку да покажуваат со прст дека нешто не се реализира, вели во денешната епизода на Тешки муабети членот на президиумот на Левица, Реџеп Исмаил.
– Пример за тоа е набавката на автобуси за ЈСП иако градоначалничката понуди целата постапка, дури и кредитирањето да оди преку Советот, но тие не гласаа, немаа аргументи за против, но воопшто не гласаа и таа одлука не помина.
Христијан Мицкоски не одобрува набавка за автобуси, затоа што нема удел во таа набавка не ги набавува авотбусите Јанушев, затоа, вели Исмаил кој додава дека во Град Скопје Левица се бори против ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и нивните штетни политики во моментов и досега.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…