(Видео) Мицкоски со инструкции за Ѓорѓиевски како да си ја работи градоначалничката работа

t

Синоќа премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски направија ненадејна вечерна прошетка низ центарот на градот, за да видат како изгледа главниот град по најновото големо миење на улиците и кејот на Вардар. Според градоначалникот, резултатот бил „видлив од прв поглед“.

Ѓорѓиевски истакна дека главните градски зони, плоштадите и кејот биле полни со луѓе, чисти и уредени, што – како што рече – е слика која, според него, треба да биде секојдневие, а не исклучок. „Скопје изгледа како вистинска метропола“, нагласи тој.

Дел од обиколката била и локацијата предвидена за долгоочекуваниот Луна Парк. Ѓорѓиевски најави дека постапката за реализација ќе започне многу скоро, откако подолго време проектот стои во место.

„Поминавме низ плоштадот и Градскиот парк – сè беше уредено како што доликува на Скопје. Бевме и кај локацијата на Луна Паркот, за кој се подготвуваат потребните процедури,“ додаде градоначалникот.

Ѓорѓиевски откри и дека градот ќе добие донација од 9 милиони денари од една турска општина, средства кои ќе бидат наменети за комплетно осветлување на Камениот мост. За проектот се чека зелено светло од министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Во своето обраќање тој се осврна и на проблемот со контејнерите, велејќи дека честите дефекти им создаваат големи трошоци за поправки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мицкоски со инструкции за Ѓорѓиевски како…

Синоќа премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на…

Зеленски и Макрон потпиша договор за воздушна…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна денеска во…

Полагањето за возачка дозвола од Б категорија…

Полагањето за возачка дозвола од Б категорија…

Трамп: Разочаран сум од Путин, но не…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…

НАТО ги смета „Буревесник“ и „Орешник“ за…

Најновите руски ракетни системи, „Буревесник“, „Орешник“ и…