(Видео) Мицкоски со инструкции за Ѓорѓиевски како да си ја работи градоначалничката работа
Синоќа премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски направија ненадејна вечерна прошетка низ центарот на градот, за да видат како изгледа главниот град по најновото големо миење на улиците и кејот на Вардар. Според градоначалникот, резултатот бил „видлив од прв поглед“.
Ѓорѓиевски истакна дека главните градски зони, плоштадите и кејот биле полни со луѓе, чисти и уредени, што – како што рече – е слика која, според него, треба да биде секојдневие, а не исклучок. „Скопје изгледа како вистинска метропола“, нагласи тој.
Дел од обиколката била и локацијата предвидена за долгоочекуваниот Луна Парк. Ѓорѓиевски најави дека постапката за реализација ќе започне многу скоро, откако подолго време проектот стои во место.
„Поминавме низ плоштадот и Градскиот парк – сè беше уредено како што доликува на Скопје. Бевме и кај локацијата на Луна Паркот, за кој се подготвуваат потребните процедури,“ додаде градоначалникот.
Ѓорѓиевски откри и дека градот ќе добие донација од 9 милиони денари од една турска општина, средства кои ќе бидат наменети за комплетно осветлување на Камениот мост. За проектот се чека зелено светло од министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Во своето обраќање тој се осврна и на проблемот со контејнерите, велејќи дека честите дефекти им создаваат големи трошоци за поправки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мелони предупредува: Европа ризикува да остане без…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони предупреди дека Европската…
МВР: За само пет дена 25 пријави…
Во периодот од 1 до 5 ноември,…
НАРОДНАТА БАНКА СО ДЕТАЛИ ЗА ТРАНСАКЦИИТЕ НА…
Народната банка на Македонија денеска, 5 ноември,…
Пример за многу други: Хориха во првиот…
Македонската ракометна репрезентација вчера забележа победа против…
Американските сили во подготвеност за можни удари…
Американските сили во подготвеност за можни удари…