(Видео) Мицкоски: Тука сме за народот низ сите бури – покажавме дека можеме и умееме да работиме
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи сподели промотивен спот со инсерти од настанот по повод 100 дена мандат на градоначалниците од редовите на партијата.
Мицкоски во моќното видео порачува дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш со народот, низ сите искушенија и дека тие нудат промени што носат иднина, а тоа го покажале преку сработеното во првите 100 дена мандат.
Ја пренесуваме објавата во целост:
“Тука сме за народот, заедно низ сите бури и искушенија. Заедно со сите вас почнавме да работиме уште првиот ден носиме промени што носат иднина ние покажавме дека умееме и можеме, нови луѓе со нова енергија и план кој го содржи клучот работа, работа и многу работа.Надежта е родена и таа ќе победи, затоа што наша задача и наша обврска се промените што носат иднина за секој еден човек.” – напиша Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
Шок видео! Кралицата Летиција била нападната од…
Шпанската кралица Летиција вчера беше во Рим,…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…