(Видео) Мобилизираните руски регрути учат да пукаат со “Калашников”: Еве како тече обуката
Мобилизираните граѓани поминуваат обука за модерна борбена тактика, прва помош и употреба на комуникации на бојното поле. Посебно внимание се посветува на воената топографија, инженерската обука, основите на радијацијата, хемиската и биолошката заштита, соопштуваат денеска од руското Министество за одбрана.
Оттаму додаваат дека војниците се обучени да пукаат со автомати „Калашников“, лесни митралези „Калашников“ и фрлачи на гранати RPG-7V.
Министерството за одбрана на Русија додава дека по завршувањето на обуката, на единиците со мобилизирани граѓани и доброволци ќе им се довери контролата и одбраната на „ослободените територии“, како што Москва ги нарекува териториите во Украина кои се под нејзина контрола.
Во Русија на 21 септември беше објавена делумна мобилизација и беше најавено дека ќе бидат мобилизирани 300.000 луѓе.
Од друга страна на Твитер се појавија и видеа од руски војници кои не се задоволни од тоа што ќе ги пратат директно на фронтот во Херсон без доволна воена подготовка како и други видеа од пијани и гладни руски регрути.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…