(Видео) Мојсоска за “Инфомакс”: Со фашисти не се преговара – Нема осуда за отварањето на клубот од СДСМ и ДУИ
Политичката партија Левица, која е организатор на протестот во Охрид против отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“, денеска обвини дека нема никаква осуда од СДСМ и ДУИ за отворањето на клубот.
Јована Мојсоска, член на президиумот на “Левица” во изјава за “Инфомакс” денеска кажа дека МНР и Бујар Османин вчера отворено застанале во промоција на фашизмот.
Ние сме организатори на протестот против фашистичкиот клуб. Денеска ја поднесуваме и иницијативата за референдум против пробугарскиот предлог. Денес сме сведоци како се вее знамето на цар Борис, додека немаме никаква осуда од Владата на СДСМ и ДУИ. Напротив, вчера и отворено МНР на Бујар Османи директно застана на страната на промоција на фашизмот и побара да се почитува правото на почитување на сите граѓани, дури и на оние кои негуваат фашистички вредности, изјави Мојсоска.
Очекуваат, според Мојсоска, нивниот предлог за референдум да помине и на народот да му се даде можност да се изјасни дали е против „уцените од страна на Бугарија“.
Ќе се бориме и понатаму. Очекуваме предлогот за референдум да помине и народот како што доликува на една демократска земја да се изјасни против сите овие уцени кои доаѓаат од страна на Бугарија со кои Македонија е принудена да се откаже од своето АСНОМ-ско минато, рече Мојсоска.
Таа додаде дека во текот на вчерашниот ден од страна на полицијата бил вршен притисок врз членови на партијата и дека, како што рече, имало „експлицитно пречекорување на нивните овластувања“.
– Ние не сме еден народ, ние сме антифашисти, наследници на АСНОМ, тие се наследници на фашизот, вели Мојсоска.
Мојсоска на крај само додаде: “Со фашисти не се преговара”!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повторно пожар на депонијата „Мауцкер“ кај Охрид
Екипи на Територијалната противпожарна служба од Охрид…
Сообраќајна несреќа во Охрид: Неофицијално повредена е…
Пред околу час и половина во стариот…
Пожар опасно се приближува до „Јасен“!
Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од ТППЕ…
Активисти на Левица ги освежија спомен – плочите на…
Освежени спомен - плочите на паднатите борци од НОБ…
Левица: Уапсени моќници со дрога блиски до…
УАПСЕНИ МОЌНИЦИ СО ДРОГА, БЛИСКИ ДО МАКСИМ…