(Видео) Мојсоска за “Инфомакс”: Со фашисти не се преговара – Нема осуда за отварањето на клубот од СДСМ и ДУИ

t

Политичката партија Левица, која е организатор на протестот во Охрид против отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“, денеска обвини дека нема никаква осуда од СДСМ и ДУИ за отворањето на клубот.

Јована Мојсоска, член на президиумот на “Левица” во изјава за “Инфомакс” денеска кажа дека МНР и Бујар Османин вчера отворено застанале во промоција на фашизмот.

Ние сме организатори на протестот против фашистичкиот клуб. Денеска ја поднесуваме и иницијативата за референдум против пробугарскиот предлог. Денес сме сведоци како се вее знамето на цар Борис, додека немаме никаква осуда од Владата на СДСМ и ДУИ. Напротив, вчера и отворено МНР на Бујар Османи директно застана на страната на промоција на фашизмот и побара да се почитува правото на почитување на сите граѓани, дури и на оние кои негуваат фашистички вредности, изјави Мојсоска.

Очекуваат, според Мојсоска, нивниот предлог за референдум да помине и на народот да му се даде можност да се изјасни дали е против „уцените од страна на Бугарија“.

Ќе се бориме и понатаму. Очекуваме предлогот за референдум да помине и народот како што доликува на една демократска земја да се изјасни против сите овие уцени кои доаѓаат од страна на Бугарија со кои Македонија е принудена да се откаже од своето АСНОМ-ско минато, рече Мојсоска.

Таа додаде дека во текот на вчерашниот ден од страна на полицијата бил вршен притисок врз членови на партијата и дека, како што рече, имало „експлицитно пречекорување на нивните овластувања“.

Ние не сме еден народ, ние сме антифашисти, наследници на АСНОМ, тие се наследници на фашизот, вели Мојсоска.

Мојсоска на крај само додаде: “Со фашисти не се преговара”!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицаец фатен со дрога во Охрид, пружал…

На 29.03.2024 вработени во Одделот за внатрешна…

Опожарено возило во Охрид, за среќа нема…

Рано утрово, во 02.31 часот, во СВР…

Уапсен полицаец во Охрид: Го фатиле со…

МВР информира дека вчера во 18.05 часот,…

Пукање во Охрид, приведени две лица

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски…