Објавено на:

(Видео) Над дваесетина улици во Ѓорче Петров ќе се асфалтираат за првпат: Жителите да се почувствуваат како граѓани на главниот град

t

За првпат се асфалтираат дваесетина улици во Ѓорче Петров, тие улици претходно не биле асфалтирани никогаш, а тамошните жители треба веќе да се почувствуваат како граѓани на главниот град, истакна Данела Арсовска во денешната епизода на Наше Скопје.

– Тоа е проект кој беше побаран од градоначалникот на Ѓорче Петров, тој сметаше дека треба да се посветиме на тие над 20 улици иако ние како Град Скопје таму немаме надлежност но со меѓуопштинска соработка да помогнеме.

Тоа се улици кои не се досега никогаш асфалтирани, калливи улици, верувам дека граѓаните таму треба да се почувствуваат како да живеат во главниот град.

Тоа се над дваесетина, 83 во Волково, 100 десен крак три, 81 крак 1,2,3 лево и крак 4 на десно, во Кисела Јабука 46, Антон Кецкаров “Даме Груев”, во Ново Село и Стопански двор.

Верувам дека тоа е една убава иницијатива и ние ќе се потрудиме да помогнеме да се реализира, рече Арсовска.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…