(Видео) Опозицијата ги разочара уставобранителите!
Во денешната епизода на Тешки муабети, нашиот гостин Кристиан Јандриоски објасни дека уставобранителите се психички добри, не се каат за стореното и дека ќе издржат колку што е потребно, но народот ги разочара.
– Од психички аспект се добро, ведри, реалноста е таа, веќе подолго време ја живеат. Од здравствен и физички аспект некои се добро, некои не се добро, од долгото лежење во затвор се појавува атрофирани мускули, некои се константно болни, реагираат на мали временски промени, ама никој не може да им го скрши духот на тие луѓе.
Дека имаме направено премалку за тие луѓе, имаме направено премалку, ама мислам дека во идно време ние можеме и мораме да го направиме. Никој од нив не се гледа како херој, знаат дека постапиле и дале жртва и живеат во тоа дека таа жртва не е за џабе, тие пак би го направиле истото, но нив ги разочарува ова што се случува со Македонија. Ги разочарува што тој идеал за кој се бореа и лежат во затвор, за да се зачува таа унитарна Македонија полека на нас ни излизгува низ прсти, Македонија веќе не е унитарна држава, се повеќе наликуваме на еден протекторат и благодарение на оваа власт сме забиени во некое дно од кое не верувам дека скоро ќе мрднеме ако некој нешто не преземе.
Делува разочарувачки тоа, јас не верувам дека тие ќе бидат тие една рака луѓе кои ќе влезат, ќе остават се од себе и ќе бидат жртва за да се спречи процесот за демонтирање на Македонија, народот ги разочара. Дефинитивно дека вина носи и опозицијата и народот нема колективна свест кога нешто ќе се случи, да реагираат.
Сите кренаа раце, опозицијата нешто многу не коментира околу униформите, тек тук некој индивидуален статус. Кога насилнички ќе пројде некој закон во Собрание ние ја немаме таа свест апансас да се појавиме пред вратите на тоа Собрание и да им кажеме дека претерале, да се запре нешто и да се спаси. Дали сме зависни од партија, партиски лидери или сме некој општопросечен народ не можам да разберам.
Тие луѓе не влегоа ни за пари ни за нешто друго, тие знаеја што ја чека Македонија, нагласи Јандриоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…
Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…
Раст на деловната активност во Еврозоната во…
Деловната активност на еврозоната растеше со најбрзо…
Митовски: Зошто ДПМНЕ не поднесат амандмани за…
ВМРО-ДПМНЕ најави излегување од Собранието поради Предлог-законот…
Просечната нето плата во април изнесува 39.134…
Просечната нето плата во април изнесува 36.134…
Неочекуван пад на eкономската активност во Кина…
Индексот на менаџерите за набавка (PMI) во…