Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во април 2024 година достигна 4 проценти

t

Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во април 2024 година достигна 4 проценти, во споредба со истиот месец минатата година. Цените на мало се зголемиле за 3,5 отсто, објави Државниот завод за статистика. 

– Индексот на трошоците на животот во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи зголемување од 4,0 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,5 отсто – се наведува во соопштението на ДЗС.

Воедно во него е посочено дека инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2024 година, во однос на март 2024 година, изнесува 0,7 отсто.

– Зголемувањето на инфлацијата во април 2024 година, во однос на март 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 отсто, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 отсто, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 отсто – се наведвуа во соопштението на ДЗС.

Истиот месец во однос на март 2024 година, статистичкарите забележале намалување на трошоците на животот во групите: мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 отсто и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Ова е тоа „има и полошо“? Инфлацијата…

– Цените во Аргентина пораснаа толку драматично…

Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…

Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…

Раст на деловната активност во Еврозоната во…

Деловната активност на еврозоната растеше со најбрзо…

Инфлацијата во Еврозоната изнесува 2,4% во април

Инфлацијата во еврозоната се задржа на 2,4…