(Видео) НаТерен со Инфомакс: Треба ли да се формира заедница на албански општини во Македонија? Чекор кон федерализација или нов конфликт?

t

Откако излезе од владината коалиција, политичката партија Алтернатива побара во Македонија да се формира заедница на албански ошпштини, по примерот на Косово каде се преговара за формирање на заедница на српски општини во северниот дел од државата.

Ваквото барање на Алтернатива беше поддржано и од поединци од уште неколку албански партии, генералниот секретар на Алијанса за Албанците и “огнената група” од ДУИ, но сите останати партии и политички чинители се против ваквата идеја.

Што значи формирање на заедница на албански општини во Македонија?

Алтернатива не прецизираше што ќе значи заедница на албански општини во Македонија.

– Тие што го бараат тоа од Косово се наши западни сојузници, па испаѓа дека таа заедница е во духот на западните вредности. Многу добро. Да направиме и ние во Македонија една таква заедница во тој западен дух.

Еве една кауза врз која може да се соединиме сите албански партии, дури и Алтернатива, која нема своја општина.

Да ја започнеме уште денес Заедницата на албанските општини во Македонија. Добар реципроцитет и, воедно, европски, нели?!

Можеби на тој начин доаѓаме и кај темата на јазичен реципроцитет помеѓу албанскиот јазик во Македонија и српскиот јазик во Косово“, велат од Алтернатива.

Тие не прецизираат кои општини би влегле во таканаречената заедница, но општини со доминантно албанско население во Македонија се претежно општините од западниот дел на државата (Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, можеби Струга) и неколку скопски општини (Чаир, Сарај).

Може ли Македонија да се спореди со Косово?

Ситуацијата во Македонија и Косово е комплетно различна. Косово има етнички речиси чисти општини во кои живее српско население кое ги нема правата кои ги има албанското население во Македонија.

Најпрво, Србите во Косово не се државотворен народ според уставот на државата. Во Македонија, покрај Македонците за државотворен народ согласно нашиот Устав се сметаат и Албанците.

Албанскиот јазик е официјален на целата територија на државата, што секако не е случај со Србите во Косово. Во Македонија претседателот на законодавниот дом e Албанец, првиот вице-премиер е Албанец, скоро половина од министрите и заменик-министрите во Владата се Албанци, албанските партии имаат градоначлалници во неколку градови, советници во советите на општините…

Оттука ситуацијата во Косово и ситуацијата во Македонија е апсолутно неспоредлива, а ваквата идеја нелогична и неиздржана. Албанците со ваквиот потег би се вратиле десет чекори наназад, како да се некое непризнаено малцинство во државата, а не државотворен народ.

Ги прашавме граѓаните што мислат, дали треба да се формира заедница на албански општини во Македонија. Одговорот беше категорично не, дури и од етнички албанци кои зад камерите раскажаа дека ова е само политичка манипулација и не е ниту реална потреба ниту барање на Албанците во Македонија.

Разговаравме и со министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, кој е против ваквата идеја и смета дека ваквите политички флоскули се само обид за собирање на политички поени од страна на маргиналци во политиката.

– “Не може да се формира заедница на албански општини во Македонија. Тоа е една флоскула со која кога луѓето ќе паднат на политичките маргини се обидуваат да бидат што поекстремни за да побудат интерес. Особено човекот кој беше индиректно провокација за настаните од 27 април повторно сака да игра некаква улога, дали тоа го прави сам или по некакви инструкции не знам ама тоа е една би можел да речам глупост бидејќи со тоа ништо не се постигнува.

Јас сум ученсик во преговори, во креирањето на конвцептот на локалната самоуправа во РМ во 2004 година кога се правеше процесот на децентрализација и територијалната поделба. Дел од тие што го поддржуваат ова и тогаш седеа на маса во тие разговори и се свесни дека ние концептот го изградивме на полна имплементација на вклучување на сите интереси на сите граѓани во Република Македонија и дека некое групирање кое нема никаква суштина и содржина е само рмеетење на мирната вода во државата.” – вели Пенов.

Министерот посочи дека во Косово има етнички чисти општини, кај нас општините се измешани, има мнозинско албански општини, но има и општини каде Албанците се малцинство.

– “Најсуштинската разлика е дека во држава во која претседателна парламент е од албанска етничка заедница, кога првиот вице-премиер е Албанец, да бараш некои споредни ефекти кога имаш можности најважните интереси да ги заштитиш, имплементираш, развиваш, одиш со некакви формални “собирања”.

Ниту кај Албанците во Македонија тоа не е прифатлива идеја и тие не сакаат да се двојат. Што значи да се поделат? Еве и д аистакнат барање, какво барање кога има пратенички групи во парламент, има претставници во Владата и сите институции, тоа е сосем непотребно”, потенцира Пенов.

Тој смета дека ова не е чекор кон федерализација ниту ќе води кон нов конфликт во Македонија.

– Зошто конфликт? Јас мислам дека меѓуетничките односи ги издигнавме на толку високо и стабилно што никој не може да ги наруши. Тие флоскули не можат да поминат ниту кај Албанците, истакна министерот Пенов.

Предлогот го оценија како неприфатлив од ДУИ, Алијанса за Албанците, СДСМ и уште неколку партии на помалите етнички заедници во Македонија.

Ова е еден од ретките случаи кога и македонскиот и албанскиот блок од политичката сцена е против ваквата идеја за здружување во т.н заедница на албански општини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…