(Видео) Најмоќниот телескоп во светот успешно го отвори сончевиот штит – Има гориво да работи повеќе од 10 години
После речиси 30 години планирање и напорна работа, НАСА го лансираше својот телескоп вреден 10 милијарди долари, кој всушност е вселенска опсерваторија од најнова генерација. Лансирањето се случи на 25 декември, а сателитот моментално е на пат до својата крајна дестинација.
Вселенскиот телескоп James Webb помина голема пресвртница во својата мисија да ги сними првите ѕвезди кои сјаат во вселената.
Најамбициозната опсерваторија некогаш изградена, вселенскиот телескоп James Webb успешно го заврши отворањето на џиновски штит кој би требало да го заштити од сончевите зраци.
Со помош на оваа бариера, телескопот ќе може да има доволно чувствителност за да детектира сигнали кои доаѓаат од најоддалечените објекти во вселената, пренесува Би-Би-Си.
Сега дознаваме дека JWST можеби ќе патува и ќе собира податоци многу подолго од очекуваното. Имено, беше прогонзирано дека JWST ќе биде функционален од 5 до 10 години, но последните анализи на НАСА открија дека опсерваторијата има доволно гориво за научни операции многу подолго од 10 години.
„Анализите покажуваат дека е потребно помалку гориво отколку планираното за да се коригира траекторијата на сателитот до финалната орбита. Затоа, Webb ќе има многу повеќе гориво отколку првичните проценки, иако многу фактори може да влијаат на времетраењето на работата на James Webb“ се вели во соопштението на НАСА.
Како што велат од американската вселенска агенција, вишокот гориво се должи на прецизноста на лансирањето, кое беше исклучително успешно, како и на успешно завршените маневри за коригирање на насоката на движење.
Видеото може да го погледнете тука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожарите во Македонија се гледаат од вселената
Големите пожари кои со денови беснеат на…
Американски генерал: САД треба да ја контролираат…
Генерал-полковник на Маринскиот корпус на војската на…
МИОА: Македонија доби место во Вселената
Македонија денеска ги потпиша финалните акти за…
Путин: Во иднина статусот на една држава…
Високиот статус на една земја на светската…
Сондата на НАСА, со примерок од астероидот…
Сондата „ОСИРИС-Рекс“ на НАСА слета на Земјата,…