(Видео) На Бране му текна: СДСМ е криво затоа што никој од СДСМ и ДУИ не е во затвор…
Од вчерашното гласање на СДС во Собранието, каде не ја поддржаа интерпелацијата за главниот обвинител Љупчо Коцевски, се е јасно. СДС го штити Коцевски, а Коцевски за возврат го штити СДС и нивните кадри потонати до гуша во криминал за да не одговараат, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, негласањето на СДС за интерпелација на главниот обвинител Љупчо Коцевски е одговор на прашањето, зошто никој од СДС не е во затвор, а има низа постапки.
„Сега е јасно и кој ја мати водата за Кочани. Истите тие кои претпладне правеа пресови за Кочани, сега сметаат дека Коцевски добро ја работел работата. Очигледно е кој свири, а кој игра во обвинителството. СДС силно удира на тапани, а Коцевски игра како ќе му кажат. Заради овој однос на СДС и начинот на кој ја киднапирале цела судска власт довербата во правосудството е помало од 2%. СДС гледа на нивниот обвинител Љупчо Коцевски како на последно упориште. Во тоа им се приклучува и ДУИ, кои заедно со Коцевски бараат спас за криминалот на Филипче, Заев и Али. Тоа е всушност и пораката од СДС до Коцевски, или е со штитот или на него, кој во периодот кој доаѓа ќе треба да извршува се повеќе насоки“, рече Петрушевски. Тој го повика Коцевски да покаже, како што вели, грам доблест и да не чека ниту час, туку веднаш да ја прими пораката на Собранието, и волјата на народот преку гласањето во Собранието и да си поднесе оставка. „Секое понатамошно седење на функцијата спонзорирано од СДС и ДУИ ќе му го руши и онака слабиот углед и целосно ќе го стави во функција на измеќар и метлар на мафијата“, рече Петрушевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) На Бране му текна: СДСМ е…
Од вчерашното гласање на СДС во Собранието,…
Поднесено обвинение за тешка сообраќајна несреќа во…
По целосно спроведена истражна постапка и обезбедени…
Противпожарен хеликоптер „Блек Хок“ се вклучува во…
Противпожарниот хеликоптер „Блек Хок“, кој се вклучува…
Владата на Бугарија одобри 900 илјади лева…
Бугарската влада ќе додели вкупно 900 илјади…
Власта нема пари за младите спортисти, а…
Срамната и понижувачка Младинска олимпијада со која…