Противпожарен хеликоптер „Блек Хок“ се вклучува во гаснењето на пожарот на планината Готен, опремен e со т.н. „бомби“
Противпожарниот хеликоптер „Блек Хок“, кој се вклучува во гаснењето на пожарот на планината Готен, е опремен со т.н. „бомби“ со капацитет од 3.410 литри вода, што овозможува ефикасно гаснење пожари од воздух.
Дел од екипажот кој пристигна во земјава, како што информираше денеска Амбасадата на Чешка, се тројца припадници на Чешката противпожарна служба и четворица пилоти и техничари.
– Пристигнувањето на хеликоптерот претставува значаен чин на меѓународна солидарност и соработка во справувањето со кризни ситуации – информираа од Амбасадата на Чешка.
Од Дирекцијата за заштита и спасување информираа дека екипажот утринава имал брифинг со Воздухопловниот ВИНГ на кој било утврдено дека најпогоден извор за полнење на вода е вештачкото езеро Турија кое е оддалечено десетина километри воздушна линија од пожарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…
Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…
Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…
Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…
Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…
Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…
Жена доживеала ужас: Била нападната и малтретирана…
На 04.09.2026 во 19:45 часот во ПС…
Скопјанка пријавила дека сопругот ја нападнал, но…
На 04.09.2026 во 12:36 часот во СВР…