(Видео) На ВМРО-ДПМНЕ му е јасно дека уставни измени мора да има, инаку ќе следи целосна изолација
На раководството на ВМРО-ДПМНЕ им е многу јасно дека уставни измени треба да има, вели во денешната епизода на Тешки муабети професорот Оливер Андонов.
-Доколку не се изгласаат уставните измени, ВМРО-ДПМНЕ кое и сега е изолација, ќе биде во целосна изолација, ќе завршат сите разговори со ова раководство. ЕУ ќе го стави на игнор Мицкоски и раководството, а потоа ќе бидат преземени и други мерки.
Јас би ги прашал граѓаните, имаше еден политичар во поранешна Југославија, кој корења сакаше да јаде, јавно велеше корења ќе јадеме не ја трансформираме државата, таа држава веќе не постои, 30 и нешто години подоцна ние имаме проблеми на Балканот.
Нема никој од Запад да го затвара Мицкоски, тоа се нивни внатрешни будалаштини, кои си ги имаат и со СДС. Ако они си имаат докази за криминали, корупција и слично, тоа не значи дека Европа ќе го употреби, ќе го употреби во крајна нужда. Кога зборувам за изолација се сеќавате како помина Србија еден период, што ќе се случува со Македонија? Ќе добиваме ли поддршка од НАТО? Ќе седне ли некој да им каже како се конструира буџетот на РМ, како мислите да се издржува полицијата, Армијата итн… Само од нас е Буџетот, немаме дотации, кој ни дава евтини кредити?
Не сме ние најмоќната држава во светот, немаме толку ресурси за да се изолираме па да си правиме сами држава, вели Андонов.
Уреникот на Инфомакс, Александар Митовски, додава дека се пуштаат информации за наводно апсење на раководството на ВМРО-ДПМНЕ со цел истите да се прикажат како маченици.
-Се пушта информација дека ќе ги апсат Мицкоски и Николоски за да се создаде некоја слика дека тие се маченици, па не подлегнуваат на уцени и се поставува прашањето за што ги уценуваат? Ако те уценуваат, значи има за што. Албин Курти во Косово беше изгласан речиси акламативно на избори, тој нема поддршка од колективниот Запад, тој сега во последните искрења ја загуби поддршката за Косово од колективниот Запад, поддршка која традиционално ја има. Значи радикал може да дојде на власт без поддршка, но таа власт ќе биде јалова, без резултати, вели Митовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…
Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…
(Видео) Мицкоски го знаел Нацев „само од…
Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во владата,…
СДСМ: „Журка со факли среде жалост: Како…
Додека цела Македонија тагува по трагедијата во…