Објавено на:

(Видео) НЕ МУ Е МЕСТОТО НА ФУДБАЛСКИТЕ ТЕРЕНИ: Голем скандал, дали ќе биде санкциониран играчот од ФФМ!?

t

Дербито од Третата лига помеѓу Арачиново и Куманово и понатаму предизвикува реакции во јавноста поради заканите кои ги добивале гостинските фудбалери, на кои им било кажано дека „живи нема да излезат од стадионот ако загубат“.

Кумановци веднаш по средбата излегоа со соопштение да информираат за проблемите, а денеска објавија видео во кое се гледаат дел од проблемите со кои се соочуваа, особено ударот во стомак од страна на домашен фудбалер. Тие се прашуваат дали овој натпревар се играл во Македонија или во Колумбија, со оглед што дури и полицијата им објаснувала каде да бегаат во случај да бидат нападнати.

„Тоа што го кажавме сега може да се види, значи ова се случува пред очите на судиите, кои биле заклучени пред во соблекувалната и им било заканувале. Судиите како и останати луѓе се од крв и месо и нормално дека подлегнале под притисок. Читаме коментари дека има многу храбри фудбалери, па еве повелете на некој ваков натпревар и играјте да ве видиме.Исто така има и коментари зошто не сме го напуштиле натпреварот, луѓе има судии и делегат на натпреварот на кои уредно ги рековме што се случило дека нашиот фудбалер е двапати удрен со тупаница, но тие ни рекоа да го почнеме натпревар.

Да кажеме дека пред почеток од полиција ни рекоа дека има најава дека публика ќе влезе во теренот да не нападне и ни дадоа насока каде да бегаме за да можат да не заштитат. За крај да ѝ порачаме на Шкендија да каже на кој стадион да одиграме натпревар без присуство на публика и редари да ви покажеме дека сме за две класи подобри од вас. Да не заборавиме дека се имаат јавувно на фудбалерите и на нивните семејства и им се заканувале. Луѓе каде живееме – во Македонија или во Колумбија. ГФК Куманово ветува дека секогаш ке играме фер и коректно, дека секогаш гостинските екипи и судии ке ги пречекаме најдомаќински и така ке ги испратиме“, се вели во соопштението на кумановскиот третолигаш.

Останува да видиме дали по овие немили настани ќе реагира ФФМ и ќе следува голема казна за играчот кој го предизвика овој голем скандал.

https://www.facebook.com/watch/?v=2737550929743331

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…

На социјалната мрежа Х се појавија видеа…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…