(Видео) „Не си го бркајте народот“ – анти-владини протести низ сите големи градови во Бугарија!

t

Вечерва над 50.000 граѓани се собраа на протестите во главниот град на Бугарија, на протест против актуелната влада.

На протестите најголемиот дел од демонстрантите се млади луѓе кои не се задволни од системот и начинот на кој актуелната влада ја води државата.

Околу 22:30 часот, ескалираа протестите и некои од маскираните млади почнаа да кршат излози на продавниците на булеварот „Књаз Александар Дондуков“. Потоа запалија контејнери за ѓубре пред седиштето на ГЕРБ, ги скршија прозорците на зградата и извадија столчиња од канцелариите.

Се протестира во Пловдив, Варна и останатите големи градови низ Бугарија.

Освен во Софија, дополнителни над 30.000 демонстранти излегоа на улица и во повеќе од 10 големи градови низ Бугарија. Според информации од терен, причина за проширување на протестното движење е и како што велат граѓаните арогантниот и непочитувачки однос на владата кон граѓаните и приватниот сектор во текот на буџетските преговори.

ЛИНК ОД ВИДЕОТО

На видеата од протестите меѓу Бугарските знамиња се веат и знамиња на Европската унија.

ЛИНК ОД ВИДЕО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Не си го бркајте народот“ –…

Вечерва над 50.000 граѓани се собраа на…

(Видео) Над 80.000 луѓе на масовни анти-владини…

Вечерва над 50.000 граѓани се собраа на…

Поплави во неколку градови во Бугарија

Силно невреме со дожд и ветер го…

По протестот и критиките на опозицијата и…

Владата на Бугарија по масовните протести, несогласувањата…