Поплави во неколку градови во Бугарија
Силно невреме со дожд и ветер го зафати западниот дел на Бугарија, што предизвика поплави во неколку области.
Општините Сандански и Петрич прогласија вонредна состојба, откако врнежите достигнаа меѓу 20 и 80 литри на квадратен метар.
Најпогодени се селата Ново Делчево, Лешница, Склаве, Џигурово, Лилијаново и околните населби, каде постои ризик од излевање на реки и поплави во ниските делови.
Градоначалникот на Сандански, Атанас Стојанов, потврди дека има поплавени домови, улици и мостови:
„Ситуацијата е динамична, сложена и тешка. Реагираме на секоја пријава преку противпожарните служби и општинските екипи.“
Свлечишта го забавија сообраќајот на автопатот „Струма“ кон Софија, каде е воведено ограничување од 60 км/ч. Сообраќајната полиција предупредува за внимателно возење.
Граѓаните се повикуваат на максимална внимателност и да ги следат инструкциите на надлежните органи.
Националниот институт за метеорологија и хидрологија издаде црвен аларм за обилни врнежи за регионот на Петрич, Сандански и Струмјани. Портокалови и жолти предупредувања важат за поголем дел од јужна и западна Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…
Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…
Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…
Дијалогот што во моментов се води во…