(Видео) „Ние стоиме заедно со родителите!“ Трка на келнери во чест на загинатите во Кочани
Денес во Кочани се одржа трка на келнери во чест на загинатитие во трагедијата која се случи на 16 март.
– Денес нема да гледаме само трка, ќе гледаме вистинска човечка сила што нема да се мери со време туку со срце. Оваа трка ќе биде поинаква, ова нема да биде натпревар, ова ќе биде гест на чест, на почит и на хуманост. Се собравме денес не само да трчаме, туку да се поклониме на нашите сограѓани, нашите херои. За нашите келнери кои ги загубија животите или беа повредени, чуѓе кои работеа со насмевска, со брзина, со пожртвуваност и кога дојде најтешкото беа таму до крај. Со оваа трка симболично трчаме за нив, го носиме нивното сеќавање со секој чекор, го носиме нивното достоинство во секој аплауз што ќе го добијат нашите колеги.
Ја делиме истата болка со нивните родители, со нивните браќа, сестри, партнери и пријатели, нивната загуба е и наша загуба, нивната тишина е наше ехо. Денеска ќе покажеме дека келнерството не е само професија, туку давање се од себе секој ден. Ние не молчиме, ние стоиме заедно со сите родители, со сите пријатели. Собраните средства се важни, но уште поважна е пораката дека никогаш нема да ги заборавиме, нивните приказни ќе живеат низ нас. Затоа оваа трка нека заврши тука, нека остане традиција, нека биде глас на солидарност, за сите херои кои животот го оставија, со љубов и длабока почит, ова ќе биде за вас, истакна во говорот пред почетокот на трката организаторот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…
Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
Кочани ни е во фокусот, вели новиот…
Министерот најави амбициозен план за реформи во…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
„Деко се криел во скривница додека децата…
Газда Деко се криел доле во скривница…