(Видео) Николоски: Со СДСМ на власт- државата сkапува во kopупција, електричната енергија поскапува и се јавува тивка инфлациjа

t

Државата за жал скапува во корупција од најниско до највисоко ниво и тука навистина еден силен фокус е потребен кој што не го гледаме во моментов. Мислам дека е добро што француското претседателство реши да излезе надвор од главниот град тоа е многу значајно, потребна ние таа енергија и останатите делови од државата да бидат вклучени во политичките и евтоинтегративните процеси на Македонија. Мене лично на пример многу ми смета една тенденција која што трае подолг временски период на создавање еден град – држава односно концентрирањето на сите активности во главниот град. Природно е да главниот град има приоритет но ова што се случува мислам дека ќе создаде и друг тип на проблеми. Не само инфраструктурни туку и социјални, економски итн., истакна Александар Николоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ при заседавање на националниот совет за евроинтеграции.

Николоски додаде дека две работи се клучни и ќе го обележат овој шест месечен период, прво енергетската и економската криза за тоа недоволно се зборува.

„За овие кризи предупредувавме долг временски период за ова што веќе се случува, и гледаме дека порасна цената на електричната енергија и на топлинската енергија за граѓаните. Но, за мене позагрижувачки драстично порасна за компаниите и за институциите, односно за сите оние кои што не се на т.н. регулиран пазар. И тука навистина бројките се застрашувачки. Има компании кои што плаќаат од 4 до 5 пати повисока цена на електрична енергија, не само од јануари туку некаде од октомври месец. И може да се соочиме со ситуација на масовни отпуштања на вработени затоа што компаниите не можат да го издржат тоа, како и сериозна криза во институциите. Вчера на пример бев во посета на општина Велес, каде што сметките за електрична енергија на Општината веќе се за пет пати повисоки од кои што биле претходно. И практично Општината е соочена со ситуација да целокупниот буџет за оваа година доколку останат овие цени да ги потрошат само на плаќање на електрична енергија и да не можат ништо да реализираат од сопствената програма“, рече Николоски.

Николоски посочи дека иста е состојбата во сите останати општини низ државата.

„Тука се потребни краткорочни чекори, брзи чекори, се надевам дека ќе има малку релаксација од страна на глобалниот пазар, ја пратиме со интерес дебатата која што се одвива во рамките на ЕУ по однос на прогласувањето за зелена енергија, за транзиторна зелена енергија на гасот и на нуклеарната енергија, се надевам дека доколку има договор тоа ќе ги релаксира малку цените на европскиот пазар. Имајќи в предвид дека Македонија има потреба од увоз. Така што ова е прашање на кое што недоволно внимание се посветува, а кое што ќе предизвика сериозни проблеми во државата. Веќе има една тивка инфлација, поскапување на основните прехранбени производи, маслото за јадење е преку 25%, лебот, брашното и останатите основни продукти се преку 10% поскапени“, појасни Николоски.
Николоски се осврна и на односите со Бугарија при што посочи дека му е жал што потпретседателот на владата Никола Димитров замина и не е тука на седницата. Тоа што го слушна јавноста вчера од него е во насока на нешто за кое што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ подолг временски период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…

Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…

Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…