(Видео) Никој не провери какво влијание имале “ковид-пакетите” врз економијата, каде завршија тие пари и како се искористени

t

Ние како влада ги користевме средствата рационално и домаќински, за продуктивни цели, вели во денешната епизода на Мрежа поранешниот министер за финансии, Кирил Миновски.

-Уште од големата светска економска криза од 29. до 33. година се користел концепт на инвестиции во ифтаструктура за да се поттикне економскиот развој, тој модел успешно се користеше од наша страна и влијанието на кризата од 2008 година беше најмало во Македонија споредено со регионот. Споредено со Ковид-кризата, сега сме на дното на регионот. Тоа не е само неспособност туку и безидејност, немање концепт како да се справиме со проблемите, доминира ментален склоп дека некој треба да нè води, дека не можеме сами да се справиме со нешто.

Порано имаше јасна агенда, економска програма за сите сфери на живеењето и се анулираа сите негативни ефекти, се иницираа голем дел на инфраструктурни проекти и доклку се анализираат тоа придонесе за поттикнување на градежништовото која е гранка која влече уште 22 други гранки.

Во тој период имавме значајни реформи во делот на деловното опкружување, бевме најдобар реформатор, бевме меѓу првите 10 држави според Дуинг бизнис, за првпат Македонија беше на мапата на светските инвеститори, имавме голема невработеност од 34% и тоа беше многу сериозен проблем.

Со една добра концепција, стимулирање на странски и домашни инвестивции се отвараа нови работни места, се решаваше проблемот на невработеност. Она што изненадува сеа е што бројот на вкупно вработени лица се намалува. Тоа бара продлабочена анализа, кои се причините зошто е намалена невработеноста, дали само иселување на населението или и затварање на бизниси затоа што не сум видел дека некој сериозно се занимава со ефектите од ковид-пакетите и да се види кои компании кои земаа пакети се сè уште функциинални и денес, кое е влијанието што тие средства го дале врз економијата, вели Миновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …

„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…

ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…

Европскиот извоз во трети земји во мај…