(Видео) Новата влада со ребаланс на буџетот успеа да обезбеди повеќе пари за пензии, плати и за бизнисите
Дупките пополнети, скратени сите непродуктивни трошоци, пренамена на средства – власта успеа да обезбеди повеќе пари за плати, пензии и за бизнисите. Владата го објави ребалансот на буџетот. Приморана беше да ги зголеми расходите за 350 милиони евра на 5,85 милијарди евра, приходите ќе изнессуваат 5,1 милијарди евра, а дефицитот се продлабочува од 545 милиони евра на 730 милиони евра или 4,9% од БДП. Јавниот долг ќе мора да скокне од сегашните 62 на 68,2% од БДП. Нереалните проекции на претходната влада, која проектирала буџет за половинва, а не за цела година, не и оставија простор за маневар на новата околу прекројувањето на државната каса. Министерката за финансии вели дека обезбедиле пари, кредитот од Унгарија ќе легне на сметка во септември, но дека треба многу да се внимава со трошењето за да не се наруши кредитниот рејтинг на државата.
„Ова година нема да имаме проблем, но на 25 јануари доспева за наплата еврообврзница од 500 милиони евра. Ќе ги разгледаме сите опции за задолжување. Нема да бидеме среќни ако мора да издадеме еврообврзница, затоа што каматите се високи. Ќе видиме дали може да обезбедиме уште пари по поволни услови од Унгарија, а да легнат во јануари 2025 година“ – рече Димитриеска-Кочоска.
Прераспределени се 325 милиони евра. Се кратело секаде кадешто можело да се скрати и дел од овие пари се пренаменуваат за 2.500 денари покачување на примањата на секој пензионер и за речиси 100 милиони евра за капитални проекти за општините. Се обезбедиле дополнителни над 80 милиони евра за зголемувања на пензиите, како и плус 66 милиони евра за исплата на плати. 83 милиони евра ќе се потрошат за отплата на кредитите кон странство што предходната влада ос своите директори ги направиле преку државните и јавни претпријатија како ЈПДП, Железници, ЈСП, ЕСМ кои не се во состојба да ги враќаат кредитите за кои се издадени државни гаранции. Најмногу се скратило од буџетот на Владата. Капиталните инвестиции остануваат на исто ниво од 730 милиони евра, при што имало кратење кај непродуктивните и префрлање на пари кај проектите кои се реализираат. Исто така, целосно се укинуваат парите за антиковид мерки.
Министерката вели дека претходната Влада целосно ги промашила проценките за раст на економијата кога првично го креирала буџетот. Растот кој сега се очекува не е 3,4% туку 2,1%. Владата очекува тој да се заснова на поголемото трошење на домаќинствата и инвестициите на фирмите, со негативен придонес на нето извозот. Инфлацијата до крајот на годината ќе изнесува 3,5%. Прекроениот буџет веќе е доставен до Собранието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…
Кривичен ја одби жалбата за притвор на…
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…
Обвинителството даде мислење, судот ќе донесе конечна…
Со оглед на интересот на јавноста во…
Укинати забраните за тешки товарни возила на…
Од 13:00 часот се укинуваат забраните за…