(Видео) Нова брука: Бајден ја утна химната
Претседателот на САД Џозеф Бајден не ја препозна химната на сопствената земја, за време на интонирањето на химните при пречекот на премиерот на Индија Нарендра Моди, кој е во официјална посета на Вашингтон.
На церемонијата на интонирање на химните во Белата Куќа, според протоколот во такви прилики, прво беше интонирана химната на Индија, во чест на гостинот. Притоа збунетиот Бајден ја стави раката кај срцето, што е вообичаено при изведувањето на химната на САД. Дури по подолго време забележа дека, сепак, тоа не е американската химна и брзо ја симна раката, со израз на лицето кој говори дека го сфатил сопствениот гаф. Предоцна, зашто видеото со неговиот пропуст го обиколи интернет и предизвика многу потсмев од публиката, особено американската.
Halfway through the anthem, Biden realized that it was the anthem of India pic.twitter.com/YdXx21p0QI
— Sprinter (@Sprinter99880) June 22, 2023
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…
Владата најави ново задолжување од 700 милиони…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…
Акиов и се извини на службеничката за…
По насилниот инцидент на денешната седница на…