(Видео) Нова скандалозна одлука на Уставен суд – колку пари ќе „лапнат“ уставните судии за да го частат Пуцко 5.5 милиони евра

t

Во денешната епизода на Тешки муабети, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски најави дека Општина Карпош ќе почне постапка прес Судот за човекови права во Стразбур во врска со денешната одлука на Уставниот суд.

-Денеска точка на Влада требаше да биде овој случај, Уставен суд побрза да донесе одлука. Она што е најлошо, ме информираа дека ќе се поднесе иницијатива, дека ќе го поништат ДУП-от за да даде пари општината.

Вторпат по барање на правобранителство што е можно побрзо да се донесе ДУП-от, планот одел во две фази, даде согласност Шилегов, па даде Арсовска, даде министерот Сугаревски и Бочварски и плус ооштина Карпош и сега сите ние сме “волови” ништо не разбираме, ни Правобранителство не разбира. Уставен суд се има впуштено во нешто што не е негова работа, веќе решивме да одиме во Старзбур, ова нема вака да го оставиме.

Десет дена има пред тоа пресуда во Основен суд 2 во кој бара Свето Јаневски да му се плати зад улицата што оди покрај игралиштето на Алумина, кај СЦ Борис Трајковски и донесено е пресуда на 2 милиони евра општината и 3 милони евра Град СКопје, за улици кои треба да се градат, а нема план за тие улици и да сакаме што не можеме да ги бараме.

Целото земјиште е купено 10,5 милиони евра, сега му се плаќаат 5 милиони евра, јас не знам овие луѓе каде завршија, каде положоја правосуден испит, за земјиште кое не сме му го земале, нема улици нема ни план за нив, тој го плодоужива земјиштето, он од сега да си наплати за улиците кои се илузорни.

Ние борба водиме и Правобранителствое вклучено, требаше и Владата да се вклучи, ја пресретнаа и Владата.

Од нас многу фирми бараа пумпи, и Пуцко Петрол, Брилијант и Лукоил, разни бензински и одлучивме на бул, “8 Септември” нема и дека една бензинска пумпа бочно од базенот и друга од сругата страна, две бензински пумпи да има. На јавно наддавање имаше 6 фирми, “се заклаа”, се постигнаа фантастични 6,2 милиони евра за тендерот. Пуцко Петрол доаѓал и носел решение архитектонско со 4 пумпни места, плус ресторан и деловен простор и во МВР го одбивале затоа што не може сето тоа во тој мал простр. Во меѓувреме не знам дали му одговара да се ништи планот, тој бара 15 милиони евра оштета. По сугестија на Правобранителство рекоа да донесеме нов план и дека нема да има право да бара оштета. Имаме пресуда ос основен суд и апелација, а да ви кажам дека не информираа дека Уставен суд ќе започне постапка и ќе донесе ваква одлука, објаснува Јакимовски, а Митовски го поедноставува случајот.

-Општина Карпош согласно закон, ДУП, ГУП, му дава согласнот за две пумпни места, овој иако знаел кога се наддавал дека е за две места, откако Јакимовски не е власт тој бара поголема бензинска. Тој го користи тоа како основа иако знае дека му е незаконска, Основен суд Скопје му го уважува тужбеното барање, општина Карпош се жали, Апелација ја потврдува пресудата на Основен. Сега Уставен суд носи одлука да не смее да се вцрта било каква бензинска пумпа, 2 милиони евра добил, сега ќе добие уште 5,5 милиони евра. Ништо не изградил, ќе добие 7,5 милиони евра, ништо не дал, пола милион ќе пушти по судии и тоа е, вели Митовски.

-Тој што го пишувал Законот вчера ми кажа, на случајна средба, Уставен суд може да суди за процедура, не за суштина, тој се впуштил во нешто што не е негова надлежност, завршува Јакимовски.

-Ние имаме Уставен суд кој 30 години. немал ниту еден професор по уставно право, експерт од уставно право за уставен судија, немал ниту еден човек кој се разбира од уставното право како материја, тоа нема врска со друготе гранки на правото, ние имаме “истакнат правник”… – кратко искоментира Митовски.

Уставен суд на денешната седница одлучи да ја укине одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за Градска Четврт 3 04, Блок 04.05 на Општина Карпош.

– Уставниот суд оцени дека со вака донесената одлука на Општина Карпош, се повредува начелото на владеење на правото, унапредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата, кои што се предвидени во Уставот. Но, исто така, направена е и повреда од членот 4 од Законот за урбанистичко планирање, бидејќи донесениот ДУП не е во согласност со ГУП-от, изјави портпаролката на судот, Беловска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…

Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното…

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на…