(Видео) НОВИ ЖРТВИ И ПОВЕЌЕ ОД 200 ПОВРЕДЕНИ ВО СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ ИЗМИНАТАВА ВЕЧЕР: Паника и жал во Турција, Сирија и во Либан!

t

Новинарот Енгин Есен јавува дека во новите силни земјотреси во Турција вечерва има најмалку тројца загинати, и повеќе од 210 се повредени вечерва во двата нови земјотреси што ја погодија најјужната турска провинција Хатај, повикувајќи се на изјава од министерот за внатрешни работи. Земјотресите беа со јачина од 6,4 и 5,8 степени според Рихтер, и беа силно почувствувани и во Сирија и Либан.

На социјалните мрежи се објавени видеа од луѓе кои панично излегуваат на улица, како и видеа на кои се гледа како се треселе автомобилите за време на земјотресот.

Репортерката на CNN на турски јазик зборуваше од шаторската населба, која е привремено поставена за преживеаните од претходните разорни земјотреси што ја погодија земјата, и плачеше додека известуваше во живо.

„Тлото ни се лизга од под нозете. Децата беа многу исплашени. Ова беше неверојатно силен земјотрес“, рече таа во солзи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ: Оваa ми е најдобра шанса да…

Следната недела почнува грен – слем турнирот…

Лавров:Колективниот Запад се обидува да ѝ нанесе…

Колективниот Запад се обидува да ѝ нанесе…

Апасиев со емотивна објава се прости од…

Професорот Димитар Апасиев со емотивен статус се…

Десетици илјади луѓе учествуваа на Парадата на…

Организаторите очекуваа рекордна посетеност, и покрај полициската…

Директор на полицијата потврди: „Моравме да реагираме…

Директорот на полицијата во Србија, Драган Васиљевиќ…